Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Во протоколите не пишува дека нема ЕУ без решени историски прашања

0
By Zoran Ivanov on June 1, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 1, 2026 22:11

Владејачката коалиција и владејачката партија се заплеткаа во сопствената предизборна реторика и сега не знаат како да се отплеткаат од тој процес, вели поранешниот претседател Стево Пендаровски за тезата на ВМРО-ДПМНЕ оти уставните измени не се последна пречка во процесот на интеграција во Европската Унија, туку дека претставуваат само вовед во процес во кој Бугарија ќе има можности за нови блокади за идентитетско-историски прашања.

Пендаровски вели дека не само Бугарија, туку која било земја членка може да постави дополнителни услови во преговорите оти тоа е процес кој трае со години. Тврдењата дека Бугарија повторно ќе се обиде да го блокира процесот на Македонија поради идентитетски прашања е неточно, додава тој, бидејќи во Преговарачката рамка со ЕУ нема ништо што може да личи на вграден механизам или скриена замка.

„Значи, и тогаш го кажував и сега го повторувам истиот став – не погрешивме затоа што францускиот предлог, практично европската преговарачка рамка на крајот, беше без каква било опасност за македонскиот идентитет, што беше клучната одредница во која тргнува секоја влада, секој претседател, секоја држава која се обидува да се приклучи во тоа големо европско семејство“, рече ексшефот на државата.

Пендаровски вели дека во протоколите никаде не пишува дека доколку не се решат историските контроверзии, земјава не може да влезе во ЕУ, бидејќи во целиот втор протокол, кој актуелната власт го спори, секаде се употребува фразата на охрабрување и поттик, а не условување.

На новинарско прашање зошто во јавната дебата во Македонија доминира позицијата дека историската комисија мора да ја заврши работата на начин на кој Бугарија ќе го кажува тоа, поранешниот претседател вели оти тоа се спинови од кампањата на владејачката партија од 2024 година, кои се потпираа на двете тези – наводно дека само како Бугари би можеле да влеземе во Европската Унија и за деалбанизација или дедуизација. Оттогаш до денес, вели тој, ВМРО-ДПМНЕ не зборува за ништо друго освен дека можеме да влеземе во ЕУ како бугаризирани поранешни Македонци и оти тоа го прават бидејќи во овие две години немаат ниту една работа со која може да се пофалат.

„Кога ќе добиете избори на еден доминантен начин пред сè заради овие две прашања, вие не се откажувате од нив бидејќи ви носат поени и понатаму. Значи, станува збор за гола измама дека наводно во Преговарачката рамка постои одредба која вели: или ќе пишете дека сите тие биле Бугари вклучително и организацијата ВМРО, историското ВМРО, или нема да мрднете кон членство во ЕУ. Тоа е лага, повторувам, тоа е политичка лага конструирана со цел да го одржува рејтингот колку-толку на оваа владејачка коалиција, особено на најголемата партија“,рече Пендаровски.

Доколку Бугарија сака да ја кочи земјава и по внесувањето на бугарското малцинство во Уставот, смета тој, тоа не би се правело на идентитетски план.

„Може да нè кочи од екологија до владеење на правото, но нема да го прави затоа што нема простор за тоа. Ви го споменав нон-пејперот на бугарскиот амбасадор – верувате или не, од сите други 26 држави на таа седница на која тој ги образлагал главните точки од материјалот кој им го дал, ниеден буквално ниту еден друг, ниедна друга држава не рекла: ова држи место, дајте да видиме за што станува збор ако е така“,рече тој.

Тој најави и враќање на политичката сцена ако опозицијата се консолидира. Според него, тоа сега не е случај.

“Нема никаква дилема дека опозицијата не е консолидирана.  Значи, внимавајте, сите бројки ви кажуваат, вклучително и последните локални избори, дека ВМРО-ДПМНЕ за најкус временски период изгуби најмногу гласови во историјата на парламентарни победници во Македонија. За жал, опозицијата сè уште се нема, а да бидеме реални, тој процес не почна 2024 година туку трае пет-шест години наназад по тешките политички одлуки – Северна, СЈО итн.

Околу дилемата дали Венко Филипче е вистинскиот човек за консолидација на опозицијата, Пендаровски вели:

„ Не можам да знам. Сепак, не би сакал да им давам совети на луѓе во друга политичка партија кои си имаат свои процедури и органи за решавање. Мислам дека следниве парламентарни избори ќе бидат дефинитивен лакмус дали СДСМ конечно е консолидирана бидејќи гледам дека Филипче најавува голема коалиција, омасовување на опозицискиот блок“, рече Пендаровски нагласувајќи дека апсолутно го поддржува тоа.

„Нема друг начин опозицијата, ваква каква што е последниве неколку години, да ја добие ВМРО, владејачката партија, и да ја тргне од власта, ако не се обедини. Значи, не затоа што е ВМРО многу добра. Имаше СДСМ една серија во нејзино време – од преименување на државата до падот на СЈО, имаше тешки одлуки и афери кои се одразија. Немојте да заборавите дека прифаќањето на европската преговарачка рамка исто се одрази, меѓу другото, и на мојот личен рејтинг. Оној момент кога реков дека тоа е во овој момент најдоброто нешто што може да го добиеме, веќе наредниот ден јас имав ‘изедено’ 10-15% од личниот рејтинг. Значи, тука имаше причини зошто е тоа така. Во изминативе две години слушам дека се прави обнова на локално ниво по општински организации, доаѓаат нови луѓе на чело, меѓутоа на крајот ќе се види тоа на избори“, вели Пендаровски.

На прашањето дали би се вратил во политиката тој одговори потврдо, но со услов.

„Јас би се вратил во политика  ако се создадат услови да се формира сериозна, широка, голема опозициска коалиција која ќе има шанси да ја собори оваа власт. Немам друга причина да се враќам во политика. Во овој момент, ако ме прашувате или ако е тоа вашето следно прашање, денес не гледам дека има такви претпоставки. Но, не исклучувам дека такви претпоставки ќе се формираат можеби наредната година или таа потоа“, одговори тој.

На забелешката пак дека тоа звучи како да сака да се врати кога ќе биде сигурен во победа над ВМРО-ДПМНЕ тој одговори дека тој самиот не може да го победи ВМРО-ДПМНЕ.

„Никој сам не може да победи владејачка партија. Мора да направите организациска структура и политички субјекти налик на она што беше во 2016 г. во декемвриските избори – значи кога Заев ја предводеше таа коалиција во која имаше невладини, граѓански здруженија, политички партии мали, големи, какви било, помали етнички заедници. Инаку, јас многу би сакал да можам самиот да победам која било владејачка партија, ама не сум толку моќен. Никој не е моќен“, одговори Пендаровски, но негираше дека би се вратил како претседател на СДСМ и дека ќе формира сам политичка партија.

 

360 степени интервју Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.