Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пензии од 26 август само преку банки, овој месец нема на домашна адреса

0
By Нова ТВ on August 19, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: istokpress.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пензиите преку деловните банки ќе почнат да се исплаќаат од 26 август. Середствата на корисниците ќе бидат достапни преку мрежите на банкоматите и за користење во трговската мрежа, а готовинската исплата ќе се врши во четири групи на 26 август, на 27 август, на 28 август и на 1 септември. Овој месец, корисниците на пензии кои ја добиваа пензијата на сопствената адреса преку Пошта, нема да може да го остварат ова право, бидејќи ниту една банка нема склучено договор со „Македонски пошти“ за оваа услуга по стечајот на Еуростандард банка.

Пензионерите кои ги примаа пензиите на домашна адреса, треба да отворат трансакциска сметка во друга банка и да ја подигнат пензијата од таа банка. Засега, ниту една друга банка нема склучено договор со „Македонска пошта“, откако Народната Банка ја одзеде дозволата за работа на „Еуростандард банка“.

Владата вчера донесе заклучок со кој го задолжува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија и им препорача на деловните банки, да обезбедат други дополнителни редовни исплати за корисниците на пензии кои се префрлени од „Еуростандард банка АД Скопје“ во другите деловни банки, со цел истите да може да располагаат со августовските пензии на 7 септември, на 14 септември и на 25 септември, за оние корисници на пензиите кои досега ги користеа услугите на Еуростандард банка АД и кои до 25 август нема да успеат да отворат трансакциони сметки во другите банки.

На вчерашната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за август 2020 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до вторник (25 август), а им препорача на деловните банки од среда (26 август), да обезбедат пензионерите да може да располагаат со августовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата – во среда исплата на пензии со висина до 11.000 денари, во четврток, пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во понеделник, исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари и во вторник, исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Владата на оваа своја седница ги прифати заклучоците на Министерство за труд и социјална политика редовната исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и згрижувачките семејства за август 2020 година да се врши во 3 групи (во деновите 2, 3 и 4 септември), a дополнителнa исплата ќе се врши на 11, на 18 и на 25 септември 2020 година, при што податоците за корисниците од Банките до Министерството за труд и социјална политика ќе бидат доставени на 7, на 14 и на 21 септември 2020 година.

Еуростандард банка Исплата Македонија Македонски пошти пензии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.