Денеска се навршија 5 години од смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на независна и суверена Македонија. Делегација на СДСМ во состав Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и член на ИО, Пеце Мирчевски член на ИО на СДСМ и Сања Лукаревска членка на ИО на СДСМ, положи цвеќе и му оддаде на неговот вечно почивалиште на градските гробишта Бутел.

СДСМ како и сите граѓани на Македонија со достојна почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Глигоров кон Република Македонија, кој градеше мостови на соработка во нашата држава и во светот, со што ги отвори перспективите за граѓаните и за Република Македонија, пишува во соопштението од СДСМ.

СДСМ е определена да ги негува и развива тие перспективи во интерес на животот и добра иднина на граѓаните и на   Македонија, велат од таму.