Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пет години потоа: Дали „бомбите“ ја кријат вистината за Смилковско

2
By Нова ТВ on April 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 12, 2017 11:15

Денеска се навршуваат пет години од трагедијата кај Смилковското езеро, кога на 12 април 2012, на Велики Четврток петмина беа убиени на свиреп начин.

Од убиените четворица се момчиња на возраст од 18 до 21 година од скопската населба Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.

Обдукцијата покажала дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, врз основа на пронајдените чаури од три различни типа муниција, што според истрагата наведува дека има повеќе од еден извршител на чинот.

За петкратното убиство во случајот „Мострум“ доживотна казна затвор им е изречена на Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута. Единствено петтообвинетиот Сејди Рами доби ослободителна пресуда поради немање на цврсти докази за утврдување на вина.

Се уште се чека на екстрадиција од Косово на првообвинетите Африм Демири и Агим Исмаиловиќ, кои беа осудени во отсуство.

Случај „Монструм“: Хронологија од судницата

Во февруари 2016 СЈО започна предистражна постапка за „Монструм“, откако лидерот на СДСМ Зоран Заев ги предаде материјалите од прислушувањето, во кои, како што во повеќе наврати во текот на 2015 година за повеќе домашни и странски медиуми изјави дека во нив има детали за ова убиство.

Заев: Невини луѓе лежат во затвор за Смилковско езеро

Родителите на момчињата кои беа убиени кај Смилковското езеро останаа незадоволни и од одлуката на Апелациониот суд за обвинетите во случајот „Монструм“.

Тие сметаа дека сè уште не се кажани сите работи околу ова монструозно убиство и се сомневаат дека високи фукнционери се вмешани во убиството на нивните деца.

 

бомбите на Заев годишнина Смилковско езеро
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.