Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пет години родителите на убиените кај Смилковско во неизвесност

0
By Влатко Чаловски on April 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На пет години од убиството кај Смилковско Езеро, родителите на четворицата другари на возраст од 18 до 21 година денеска го посетија местото каде што нивните синови беа убиени.

И по пет години, вистината се уште ги мачи родителите, кои бараат правда бидејќи во јавноста има разни шпекулации што точно се случувало на Великичетврток 2012 година на езерото.

Александар Наќевски, Филип Славкосвски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски од населбата Радишани и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешово беа убиени со огнено оружје.

Обдукцијата покажа дека во нив е пукано од три типа оружје, бидејќи најдени биле чаури од три различни типа муниција.

Таткото на Александар, никогаш не помислил дека денот кога синот заминал по риба ќе биде последен пат кога го видел. Револтиран, тој од Зоран Заев бара прислушувани разговори кои би му ја разјасниле дилемата, вината за нејаснотиите ја посочува кај трите најголеми политички партии, а обвинителката Катица Јанева се надева дека што поскоро ќе ја истражи вистината.

– Политичките партии се пазарат со овој случај. Револтирани сме од Заев, а мислам дека во круг се испазарени ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ да молчат за „Монструм“, сите ни ветуваа а еве молк. Апелираме кај Јанева да го преземе случајот, да се открие целиот случај…Кој знае какви трикови ќе направат за случајот, вели Наќевски.

Јанева, во септември минатата година додека пред пратениците го објаснуваше извештајот на СЈО, на прашањето од Рафиз Алити дали СЈО ќе ги преземе случаите „Монструм“ и „Сопот“, одговори дека тие се во предистражна постапка, но Советот на јавни обвинители не му дозволува на СЈО да ги разгледа, прогласувајќи го за ненадлежно.

Како што рече специјалната обвинителка тогаш, не може да добие ниту увид, а не надлежност над случајот.

Во случајот „Монструм“ доживотен затвор им е изречен на Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута. За Демири и Исмаиловиќ кои беа осудени во отсуство, се уште се чека на екстрадиција од Косово.

Обвинетите од „Монструм“ (ФОТО: Академик)

Според македонското МВР, убиените отишле да ловат риба на Смилковско Езеро со автомобил околу 15 часот на 12 април 2012. Нивните тела биле пронајдени облиени со крв вечерта во 22:30 часот од други рибари. На истото место, подалеку од четирите тела било пронајдено телото и автомобилот на Борче Стефковски.

Увидот на местото на настанот траеше цела ноќ се до пладне на 13 април 2012 кога телата беа предадени на судските вештаци за обдукција.

По пресудите во „Монструм“ се одвиваа засилени протести кои се претопија во насилство, при што дојде до судир помеѓу демонстрантите и припадниците на ЕБР, која употреби солзавец и шок бомби во обид да ги смири немирите.

Великичетврток ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Зоран Заев случај Монструм Смилковско езеро убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.