Шкотскиот производител на виски „Глен Грант“ отпочна иницијатива за прогласување на Енди Мареј за светец. Дестилеријата го темели својот предлог на фактот дека британскиот тенисер има фантастична сезона зад себе во која ја предводеше репрезентацијата до трофеј во Дејвис купот, по вторпат го освои Вимблдон, го одбрани олимпиското злато во Рио де Жанеиро и изби на првото место на АТП ранг листата.
Петицијата насловена како „молитва на милиони тениски ученици ширум светот“ има за цел да издејствува прескокнување на сите процедури од папата Фрањо и без одложување да го воздигне Мареј во света личност.
„Енди низ кариерата дише со голема самодоверба. Тој ги испраќа луѓето на молитва со импресивни достигнувања. Го крева расположението на неброена маса на лица ширум Шкотска и во остатокот од светот“, се вели во образложението на иницијативата.
Ник Вилијамсон, директор на дестилеријата во Велика Британија, на ваквиот предлог рече:
„Момците од дестилеријата се големи фанови на Енди Мареј и имаат безобразна идеја за новиот светски рекет број еден да добие свој ден – ден на Свети Енди во ноември. Ако се случи тоа ќе имаме причина плус да славиме“.
Ако на Шкотланѓаните им паднало напамет вакво нешто што ли треба да направат Србите за Новак Ѓоковиќ, Швајцарците со Роже Федерер или Шпанците со Рафаел Надал.