Грчките крајбрежни власти соопштија дека петмина мигранти се удавиле во источниот дел на Егејското Море откако се превртел пластичниот чамец со кој тргнале од турскиот брег кон Грција.
Помеѓу жртвите се четири жени и едно дете, а телата биле пронајдени близу островот Самос.
Портпаролот на грчките крајбрежни претставници рече дека по распадот на чамецот, преживеале две жени, двајца мажи и едно дете.
Во малечкиот чамец голем 3.5 метри, вкупно патувале 11 луѓе. Засега непознато е од која земја потекнуваат мигрантите.