„Пендаровски беше кандидат поддржан од ДУИ на претходните избори. Веројатно нема подобар кандидат за албанскиот електорат во државата од Стево Пендаровски, бидејќи веќе еднаш бил, се покажал дека не ги дели граѓаните“ рече членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во утринската програма на Слободен печат.
Тој додаде дека не може да се очекува претседателот да биде марионета, контролирана од било која партија, туку треба да има интегритет и став.
„Затоа се бира на директни избори, за да може да носи и одлуки со кои не се согласува владејачкото мнозинство. Законодаваецот неслучајно ја ставил можноста за вето, за да може да се размисли, да се види дали е исправно. Ова не е прв пат Пендаровски да не потпише некој закон“ рече Петров.
Тој додаде дека прекупна е претседателската функција за да се сведе на ултиматум за една одлука.