Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска: Итно свикување на Комисијата за надзор над работата на АНБ

0
By Marija Todorovska on September 4, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 4, 2025 14:39

Пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ денеска на прес конференција побара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), оценувајќи дека станува збор за обид на власта да го прикаже случајот како скандал, без да понуди конкретни докази или информации.

На прес-конференција, таа порача дека секој функционер има одговорност да ги штити интересите на државата и граѓаните, а не да шири нецелосни, конфузни и недоречени информации за партиски цели.

„Во никој случај, и за ничии интереси, а најмалку за лични или тесно партиски, на граѓаните не смее да им се соопштуваат нецелосни и манипулативни информации. Тоа е неодговорно однесување“, изјави Петровска.

Пратеничката оцени дека досегашните изјави на власта се „штури и бледи“, и дека целта е политичка манипулација, а не вистинска борба за отчетност. Според неа, единствениот начин вистината да излезе на виделина е преку итна декласификација на сите документи.

Петровска упати и правна аргументација за своето барање, повикувајќи се на Член 14 од Законот за класифицирани информации, каде што се наведува дека создавачот на документот е и оној што може да ја промени неговата класификација. Дополнително, според Член 20 од истиот закон, ако класифицираната информација прикрива кривично дело или злоупотреба на функција, таа не смее да остане класифицирана.

„Ако се земат предвид тврдењата на власта за наводни злоупотреби, токму тој член овозможува итна декласификација – без изговори и одолговлекувања“, вели таа.

Како втор чекор, СДСМ бара итно свикување на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ, за да се спроведе увид во декласифицираната документација.

„Пратениците кои сме членови на Комисијата имаме обврска да го извршиме овој надзор и потоа да ја информираме јавноста за нашите сознанија“, изјавија од партијата, додавајќи дека декласификацијата ќе ја отстрани и моменталната пречка за свикување на Комисијата, односно недостатокот на безбедносен сертификат на нејзиниот претседател, потенцираше Петровска.

Според неа, на овој начин ќе се „растера маглата“ што, како што вели, ВМРО-ДПМНЕ намерно ја создава за да се одвлече вниманието од сопствените скандали и да се создаде основа за спојување на АНБ со АР, што го оценуваат како ризичен потег.

„Спојувањето на АНБ со други институции не е механичка операција, туку сложена интелектуална реформа која, ако не се спроведе внимателно и во согласност со државните интереси, може да има сериозни последици“, порача пратеничката.

Славјанка Петровска на прес конференцијата нагласи дека АНБ е столб на националната безбедност, и дека секоја злоупотреба или политичка контрола врз оваа институција претставува директна закана за државниот уставен поредок и стабилноста на државата.

АНБ прислушкување Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.