Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска: Нема да прифатам никаква функција во СДСМ, и никој нема да ме замолчи

0
By Marija Todorovska on July 2, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 2, 2024 13:44

Во интервју за Телевизија 24 пратеничката Славјанка Петровска кажа дека секогаш гласно ќе зборува за проблемите во СДСМ, но и дека нема да прифати никаква функција во раководството на партија.

„Нема да прифатам никаква функција. Нема да бидам причина за неуспесите на СДСМ, ама преку какви било обвинувања некој се обиде да ме замолчи и за сметка на тоа да продолжат некои внатрешни игри, што му штетат на СДСМ и кои следната година ќе направат полош резултат, тогаш нема да има цена што ќе може мене да ме замолчи, па дури и да е критика, па дури и да биде побарана оставка од мене како пратеник. Јас немам проблем да сносам одговорност, но ако јас треба да бидам замолчена само затоа што јавно зборувам за прашања што мислам дека не треба да се случуваат во СДСМ, тогаш се потврдува мојата теза за заробена партија” рече Петровска.

Петровска ги објасни причините и мотивите за нејзиното повелкување од изборите за претседател на СДСМ.

„Во последната недела од кампањата, се случуваа работи и стигнуваа информации од членовите низ државата, дека целиот тој процес за кој сите се залагавме да биде фер и демократски, ќе појави одредени аномалии што ќе фрлат дамка на изборите. Дополнително, и малиот број на активно регистрирани членови за гласање, укажуваше на тоа дека СДСМ се наоѓа во дополнително комплицирана и тешка ситуација. Тоа плус оние информации што ги наведов при повлекувањето, а особено оние неправилности за кои не сакам јавно да зборувам, ги наведов лично пред членовите на Централната изборна комисија. Кога влегувате во еден процес, а факт е дека СДСМ го има единствениот ваков процес на избор на претседател и кога ова е трет пат вака да бирате претседател, тогаш сето она што се јавувало како пропуст, требало да биде надминато. Повторувањето на тие пропусти, покажа дека за жал ние не сме научиле од пропустите” рече Петровска.

Таа додаде дека сакала и понатаму да биде дел од процесот кој има сенка и затоа ја донела одлуката чесно да го каже својот став.

Петровска посочи и дека на списокот на активно регистрирани гласачи имало и членови на други политички партии.

„На списоците имаше членови на други полиитчки партии како ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ, односно кои на последните избори во 2024 година работеа за тие партии” посочи Петровска

СДСМ Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 7, 2026Updated:August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

ВЕСТИ August 7, 2026

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за…

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

August 6, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

August 4, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.