НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска за случајот на „Боемска“: Морално ќе суди јавноста, кривично судот

0
By Нова ТВ on June 5, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
На 3 јуни околу 18:30 часот од страна на Државниот пазарен инспекторат при Министерството за економија се вршеше вонреден инспекциски надзор во угостителските објекти на улица „Боемска“.  Целта на надзорот беше да се изврши проверка дали угостителските објекти ги спроведуваат актуелните мерки за спречување на внесување и ширење на вирусот Ковид-19. Имајќи предвид дека станува збор за редовна активност и по процена на инспекторите однапред не била побарана полициска асистенција“, прецизираше дополнителната министерка за внатрешни работи, Петровска.
Таа брифираше дека при обидот да се изврши надзор во угостителскиот објект „Чардак“ од страна на вработени во објектот инспекторите биле спречени да го спроведат надзорот во внатрешниот дел на објектот, со образложение дека немаат клуч од тој дел од објектот. Кога инспекторите се оддалечиле од објектот, забележале како токму од внатрешноста излегуваат неколку лица. По ова тие се вратиле во објектот и инсистирале да им биде овозможено да се изврши надзор.
„Министерството за внатрешни работи, преку јавување на еден од очевидците испрати полициски службеници на местото на настанот. По пристигнување на лицето кое се претставило како еден од сопствениците на објектот, истото го отворило горниот кат, поточно винаријата „Чардак“, при што инспекторите извршиле увид на просторот, не биле затекнати гости, но во истиот имало користени садови и чаши, остатоци од храна и корпа полна со отпадоци, што упатува на тоа дека внатрешниот дел бил користен“, истакна дополнителната министерка Петровска.
Петровска објасни дека со оглед на тоа дека постоеле основани сомневања за прекршување на мерките за заштита, а со тоа сторување на кривично дело непочитување на донесени мерки за заштита од пандемија, известен е јавен обвинител од кого е добиена наредба за одземање на дивиар снимачот од безбедносните камери.
„Во непосредна близина на објектот како и во самиот објект забележани се полициски службеници кои по опис на своите работни места не требале да бидат присутни таму. Ова предизвикало сомнеж за нивната намера и со оглед на тоа дека станува збор за фреквентно место, повикани се полициски службеници од единицата за брзо распоредување, како превентивно обезбедување на просторот“, објасни Петровска.
По добиената наредба за одземање, како што истакна Петровска, присутниот сопственик дал исказ дека дивиарот бил украден, но дека не се сеќава кога по што бил известен јавниот обвинител и во координација со судија на претходна постапка е добиена наредба за претрес на објектот.
„По направениот претрес најден е уредот за снимање од безбедносните камери и истиот е одземен. Согласно наредбата од јавниот обвинител се врши негово вештачење со цел да се потврди присуството на лицата во внатрешноста на објектот“, изјави Петровска.
Таа акцентираше дека ова е случај кој говори за свеста и совеста на оние кои во време на пандемија ги прекршуваат мерките за заштита. Ова не е политички случај, ова е настан во кој се сторени кривични дела и заради тоа по комплетирањето на доказите ќе биде поднесена кривична пријава против сите кои тоа го сториле.
„Ќе биде поднесена кривична пријава и за попречување на службени лица да преземаат дејствија, како и за непочитување на мерките. Одговорност мора да има, морална за која ќе суди јавноста, а кривична за која ќе суди судот“, порача дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска.
„Боемска улица“ МВР одговорност Славјанка Петровска случај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.