Јувентус и со играч помалку го совлада Олимпик со 1:0. Буфон, иако во 39 година, со рефлекс на мачка го одбрани пеналот на Лаказет
Јувентус иако отпатува во Лион како голем фаворит во меот со Олимпик, сепак, доста се мачеше за освојување на трите бода. „Старата дама“ славеше со 1:о со голот на Квадрадо во финишот.
Мечот беше особено емотивен за Миралем Пјаниќ кој синоќа настапи против својот поранешен клуб.
„Се мачев како и цела екипа. Олимпик го одигра, можеби, најдобриот меч во оваа сезона. Знаевме што да очекуваме и така беше. Не се предадовме иако останавме и со фудбалер помалку и тоа се исплатеше. Оваа сезона ќе одиграме 50 натпревари и не можеме да доминираме во секој. Мора да знаете како до победа и кога не грате добро“, истакна репрезенативецот на БиХ.
Спасител на Јувентус против Олимпик Лион беше голманот Џиџи Буфон кој, иако е има 39 години, со рефлекс на мачка го одбрани пеналот на Лаказет и го лидерот во Серија А кон нова радост во Лигата на шампиони.
„Буфон уште еднаш покажа дека е најдобар на светот. Никогаш не се сомневав во него. Покажа колку е важен за нашиот тим. Одличен човек е, уште подобар голман“, рече Пјаниќ.