Триумфот на Вардар над Фенербахче е одекна како бомба на стариот континент и оценет како сензационален по првите плеј-оф мечеви за групната фаза во Лига Европа. Со погодоците на Тигран Барсегјан во 20 минута и на Мехмет Топал (автогол) во 92., „црвено-црните“ славеа со 2:0 на „Телеком арена“ и се наоѓаат пред историска прилика да бидат прв македонски клуб што ќе биде присутен на европската фудбалска карта цела есен.
https://www.youtube.com/watch?v=9rQlH0fvu_4
Шкендија, пак, претрпе тежок пораз во Милано. Тетовци налетаа на расположениот Милан кој славеше со дури 6:0 на својот „Сан Сиро“ во меч во кој „росонерите“ на Монтела го истакнаа сиот свој потенцијал и моќ. По два гола потпишаа Андре Силва и Рикардо Монтоливо, по еден Фабио Борини и Лука Антонели за ревијален реванш во четврток во Скопје.
https://www.youtube.com/watch?v=JwOxB46DguY