Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Плеј-оф за ЛЕ: Триумф на Милан против Шкендија и во Скопје

0
By Нова ТВ on August 25, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кадровските и формациски експерименти што тренерот Винченцо Монтела ги направи во составот на Милан за реваншот со Шкендија не се одразија врз конечниот исход по калчолигашот на „Телеком арена“. Желбената најава дека не сака пораз во Скопје, без разлика на тимот што ќе го изведе, му се исполни. „Росонерите“ го совлада македонскиот вицепрвак со 1:0 во реванш плеј-оф дуелот за Лига Европа и со вкупни 7:0 се пласираа во групната фаза.

Единствениот погодок на средбата го постигна Патрик Кутроне во 13 минута за заокружување на импресивните настапи на Милан за европска есен. Одбраната не дозволи да биде пробиена во 360. квалификациски минути против Крајова и против Шкендија, а нападот, пак, демонстрира завидна ефикасност. Романскиот претставник, во третото коло, беше совладан со 1:0 и со 2:0, македонскиот со 6:0 и со 1:0 или вкупни 10:0 за тимот од „Сан Сиро“.

Во тој контекст оди и убедливиот гостински триумф на „росонерите“ против Кротоне со 3:0 во воведното коло во Серија А. Сето тоа како доволна причина за задоволство кај Монтела за продолжение на сезоната во која миланезите ги очекуваат настапи на три фронта – домашното првенство, италијанскиот куп и Европа лигата на УЕФА.

Шкендија – Милан 0:1 (0:1)

Стадион: „Телеком арена“ во Скопје. Гледачи: 25.000. Гл. судија: Ишван Ковач. Асистенти: Василе Флорин Маринеску и Овидиу Артене (сите тројца од Романија). Ж. картони: Запата, Ромањоли (Милан). Стрелец: Кутроне 13′ за Милан.

Шкендија (формација: 5-4-1): Захов – Челиковиќ, Цуцули, Теќа, Бејтулаи, Тодоровски (Мурати 79′) – Алими, Тотре (Фазлагиќ 88′), Хасани, Б. Ибраими – Радески (Абдурахими 73′). Менаџер: Ќатип Османи.

Милан (формација: 3-5-2): Сторари – Ромањоли (Абате 46′), Бонучи, Запата – Антонели, Занелато, Локатели (Габиа 73′), Маури, Калабрија – Силва, Кутроне (Сусо 58′). Менаџер: Винченцо Монтела.

Лига Европа/плеј-оф/реванш мечеви

Австрија Виена – Осиек 0:1 (2:1)

Хајдук – Евертон 1:1 (0:2)

Црвена звезда – Краснодар 2:1 (2:3)

Шкендија – Милан 0:1 (0:6)

Розенборг – Ајакс 3:2 (1:0)

Олимпик Марсеј – Домжале 3:0 (1:1)

Брага – Хафнарфјордур 3:2 (2:1)

Атлетик Билбао – Панатинаикос 1:0 (3:2)

Видеотон – Партизан 0:4 (0:0)

Скендербег – Динамо Загреб 0:0 (1:1)

Митјиланд – Аполон 1:1 (2:3)

АЕК – Бриж 3:0 (0:0)

Судува – Лудогорец 0:0 (0:2)

Фенербахче – Вардар 1:2 (0:2)

Зенит – Утрехт 2:0 по продолженија/1:0 (0:1)

Салцбург – Виторул 4:0 (3:1)

Шериф Тираспол – Легија Варшава 0:0 (1:1)

Естерсундс – ПАОК 2:0 (1:3)

Олександрија – БАТЕ Борисов 1:2 (1:1)

Макаби Тел Авив – Алтах 2:2 (1:0)

Динамо Киев – Маритимо 3:1 (0:0)

АЕК Ларнака – Викторија Плзен 0:0 (1:3)

Лига Европа Милан Плеј-оф фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.