Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Плеј-оф за ЛШ: Марибор по третпат во групи, Риека елиминирана (Видео)

0
By Нова ТВ on August 22, 2017 СПОРТ
Фото: facebook.com/nkmaribor/
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Марибор по третпат во клупската историја ќе игра во групна фаза во Лигата на шампиони (ЛШ). Квалификацискиот подвиг што почна со двомеч против Зрински (БиХ) продолжи против Хафнарфјордур (Исланд) за, конечно, да биде комплетиран низ 180 минути со Хапоел Бер Шева. Словенечкиот состав како домаќин вечерва го совлада ривалот од Израел со 1:0 во реванш плеј-оф пресметката (Хапоел славеше со 2:1 во првиот меч) и по 2000 година и во 2014 година повторно обезбеди место меѓу европската фудбалска елита. Стрелец на единствениот погодок на „Људски врт“ беше Митја Вилер во 15 минута.

https://www.youtube.com/watch?v=h9Gj59M57d0

Риека не успеа да го копира успехот на Марибор против Олимпијакос. И хрватскиот првак го дочека реваншот со негатива од 1:2 по гостувањето во Грција, но „црвено-белите“ од Пиреја слаева со минимални 1:0 и на „Руевица“ за осигурување на виза за влез меѓу најдобрите 32 клуба на европскиот континент за сезоната 2017/18. По заминувањето на Стефан Ристовски во Спортинг Лисабон, за домашните не играше ниту Леонард Жута кој вечерва издржуваше суспензија за добиен црвен картон. Марко Марин го постигна победничкиот гол за Олимпијакос во 25 минута.

https://www.youtube.com/watch?v=4gSDmnx4lBk

По триумфот на „Сан Паоло“ со 2:0, Наполи ја совлада Ница и во реваншот со идентичен резултат за ново учество во групите во шампионската Лига на УЕФА. Калјехон во 48 минута и Инсиње во 89 минута беа стрелци за наполитанците на гостувањето на Азурниот брег.

Севилја ремизира (2:2) со Басакшехир во реваншот на „Санчез Пискуан“, па благодарение на победата со 2:1 во првиот меч во Истанбул ќе игра во главната фаза на елитното натпреварување. Дел од неа ќе биде и Селтик чии фудбалери ја завршија плеј-оф работата уште во првиот меч што го добија со 5:0. Астана попладнево забележа пирова победа во Казахстан (4:3) и се прости од настапите за ЛШ за оваа сезона.

Плеј-оф за Лига на шампиони/реванши

Марибор – Хапоел Бер Шева 1:0 (1:2)

Риека – Олимпијакос 0:1 (1:2)

Ница – Наполи 0:1 (0:2)

Севилја – Истанбул Басакшехир 2:2 (2:1)

Астана – Селтик 4:3 (0:5)

Утре играат

ЦСКА Москва – Јанг Бојс (1:0)

Копенхаген – Карабаг (0:1)

ФЦСБ – Спортинг Лисабон (0:0)

Ливерпул – Хофенхајм (2:1)

Славија Прага – АПОЕЛ (0:2)

Во заграда е резултати од првите средби

Лига на шампиони Марибор Плеј-оф Риека фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.