Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Плеврис: Грција не разгледува можност за воведување ковид мерки во текот на летото

0
By Mirjana on July 27, 2022 ЗДРАВСТВО, РЕГИОН
Фото: greekreporter.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сметаме дека во моментов бранот е во надолен тренд и веруваме дека ова ќе продолжи околу еден месец. Не покажува карактеристики дека во текот на летото ќе биде потребна промена на моделот што го следиме, истакна министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, уште еднаш потенцирајќи дека не се разгледува можноста за воведување ковид мерки во текот на летото, јави дописничката на МИА од Атина.

Плеврис објасни дека конкретниот бран има целосно различни карактеристики од претходните и поради имунизацијата на населението, но и поради мутациите кои се поразлични и не носат тешки хоспитализации, додавајќи дека конкретниот модел што го следат, без мерки, не е поради туризмот, туку е нешто што го следат и другите европски земји.

„Во овој момент влегуваме во фазата во која коегзистираме со коронавирусот не како прашање на избор, туку како реалност. Пандемијата влезе во фаза кога луѓето полесно се разболуваат, бидејќи постои голема раширеност, разболувањето, бидејќи имаме вакцинирана популација не се префрла на тешки хоспитализации како што беше во првата фаза, имаме и тешки хоспитализации, но ги немаме тешките што ги имавме со Делта и на почетокот на Омикрон каде имаше страшен притисок, рече Плеврис.

Согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје на Грција за ситуацијата со пандемијата во земјата објавен вчера, во периодот од 18 до 24 јули, регистрирани се 136.077 случаи на Ковид-19, а за една седмица починало 271 лице.

Грција Ковид-19
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.