22 години по подигнување на обвинението и 530 дена од почетокот на судењето, конечно ќе биде позната пресудата за Ратко Младиќ (75), поранешниот генерал на босанските Срби обвинет за геноцид во Сребреница и други воени злосторства, вклучувајќи ја и опсадата во Сараево. Обвинителството на Меѓународниот суд во Хаг побара за Младиќ казна доживотен затвор.

https://www.facebook.com/24vesti.mk/videos/1227414877358634/

Обвинението го товари за геноцид по две точки: Сребреница во 1995 година и за шест општини во 1992 година – Фоча, Власеница, Кључ, Приједор, Сански Мост и Котор Варош.

Обвинет е и за злосторства против човештвото – прогон, истребување, убиста, депортација и нехумано постапување, како и кршење на военото право (убиства, терор, напад на цивили и киднапирање и земање на заложници).

Додека се чека изрекувањето на пресудата за хашкиот обвинет Ратко Малдиќ, пред седиштето на Хашкиот трибунал се случи инцидент во кој интервенирала и полицијата.

Маж, меѓу насобраните членови на здружението на жртви од БиХ донел и развеал српско знаме и извикувал „Ратко Младиќ херој“, по што следела турканица, а претседателката на здружението Жени жртви на војната, Бакира Хасечиќ се обидела да му го одземе знамето.

Набрзо интервенирала холандската полиција, а мажот е оддалечен од собирот.

Хасечиќ рече дека момчето дошло да провоцира.

На тревникот пред Хашкиот трибунал има собрано 150 жртви кои чекаат да се изрече пресудата за Младиќ. Пресудата ја следат околу 200 медиуми од регионот.

https://www.facebook.com/federalna/videos/1977657125583079/