Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

65-та поетска Струга

0
By Zoran Ivanov on June 25, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 25, 2026 19:44

Со традиционалното палење на фестивалскиот оган и рецитирањето на незаменливата „Т’га за југ“ на Константин Миладинов, во Домот на поезијата во Струга свечено започна 65-тото издание на најпрестижната поетска манифестација во светот – Струшките вечери на поезијата.

Под мотото „Каде што живее поезијата“, Струга уште еднаш ги обедини поетите од сите меридијани, испраќајќи моќна порака дека поезијата сè уште има сила да обединува, да инспирира и да го брани човечкото достоинство.Отворајќи го фестивалот, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за култура и туризам Зоран Љутков испратија силни пораки за суштинското значење на јазикот и книжевноста за опстојувањето на една држава и народ.

Во тој дух, директорот на фестивалот, Никола Кукунеш, во своето обраќање нагласи дека јазикот не смее да остане само празно ехо од минатото, туку мора да пулсира како жив глас во иднината.

​Лауреатка на годинашниот „Златен венец“, највисокото признание на фестивалот, е еминентната холандска поетеса Анеке Брасинга. Во нејзина чест беше засадено дрво во Паркот на поезијата, со што традиционално и започна официјалната програма. Брасинга изрази длабока благодарност, истакнувајќи дека е трогната од вниманието и дека како прв холандски поет што ја добива оваа награда, тоа за неа претставува огромна чест, но и признание за целата холандска поезија. Таа додаде дека многу поети од други култури, како Данте, Шекспир и Чехов, се преведени на холандски јазик, бидејќи како мала јазична заедница, тие отсекогаш се хранеле со она што се создава на другите јазици, а таквата размена носи единствена космополитска слобода.

​Годинава на ова јубилејно издание учествуваат околу 70 поети, критичари, преведувачи и литературни работници од земјава и светот, а добитник на наградата „Мостови на Струга“ е Даниел Џандс од Обединетото Кралство.

​Фестивалската програма продолжува со поетски читања на авторите кои влегоа во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“, како и со авторски портрет на минатогодишната добитничка на ова признание, Јулијана Величковска. Воедно, предвидени се промоции на нови поетски изданија и меѓународни поетски читања, а во вечерните часови ќе се одржат и традиционалните „Ноќи без интерпункција“, како еден од најпрепознатливите сегменти на фестивалот. Струга и во следните денови останува светска престолнина на убавиот збор, славејќи ја вечната моќ на поетскиот израз.

Извор: ТВ 24.мк

вечери поезијата Струга
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.