На меѓународната донаторска конференција за Украина денеска се собрани 6,5 милијарди долари, објави полскиот премиер Матеуш Моравјецки, пренесува Ројтерс.

Собирот се одржал на Националниот стадион во Варшава, а домаќини биле полскиот премиер Матеуш Моравјецки и шведската премиерка Магдалена Андерсон, во партнерство со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.