Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се врши претрес во СЈО по апсењето на Јанева

0
By Соња Петрушевска on August 21, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 21, 2019 13:49

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по денешното апсење треба да биде однесена во Кривичниот суд каде што ќе треба да даде исказ и пред судија на претходна постапка.

Јанева беше уапсена попладнево по налог на Обвинителството за организиран криминал и корупција каде вчера даде исказ за случајот „Рекет“.  Бројни новинарски екипи се пред Судот.

НОВА неофицијално дознава дека по апсењето таа заедно со истражителите од Обвинителството за организиран криминал се во СЈО  каде се врши претрес во нејзината канцеларија и автомобилот што го користела.

На 8 август италијанскиот весник „Ла Верита“ објави видео-снимка во врска со случајот „Рекет“.

Видеото е од средба на осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Кичеец) со бизнисменот Јордан „Орце“ Камчев, а било снимено во февруари годинава. На снимката се гледаат спакувани евра со рачно испишани спецификации на листови хартија, а како што наведува весникот, се слуша и разговор на Јовановски и Камчев за предмет на СЈО во кој ја спомнуваат и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Во следните аудио снимки се слуша и гласот на Јанева.

Јанева тогаш изјави во интерес на предистрагите и истрагите кои се водат во СЈО повеќе пати разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случувало да се одвива преку од нив назначени посредници. Во тој период водела разговор и со Камчев за да стане соработник – сведок во нова предистрага.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026Updated:June 16, 2026

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

ВЕСТИ June 16, 2026

Неколку ирански бродови поминаа низ зоната на американската поморска блокада во Оманскиот Залив, според иранските…

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

June 15, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.