Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По две години пауза, ќе продолжи прилепскиот карневал „Прочка“ што ќе се одржи на 6 март

0
By Mirjana on February 6, 2022 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По двегодишна пауза, годинава ќе се одржи прилепскиот карневал „Прочка“. На Велики-Поклади, Прочка, на 6 март, во Прилеп ќе продефилираат карневалските маски на чело со Мечкарите, традиционалната, вековна маска, препознатлива за прилепскиот карневал.

Според условите, Карневалот кој е јубилеен, по 20-ти пат, ќе се одржи во помал обем, со домашни учесници, објаснува Ванчо Георгиев, претседател на меѓународниот карневал „Прочка“.

 

– Имавме пауза од две години. Традицијата за „преправање“, маскирање на Прочка е перманентна. Ако и годинава не го организиравме карневалот, полека-полека ќе згаснат традициите за изработката на маски. Ние ќе се потрудиме да се одржи. Секако, не во тој обем како што беше, зашто тешко е да има гости од странство. Оваа година ќе биде, претежно, републички. Ќе имаме гости од земјава и, наши, традиционални маски. Интересно е што бројот на „мечкари“ е зголемен. Ќе има поголем број мечкари, бидејќи ние успеавме годинава и лани да купиме дел од опремата. Без разлика на сѐ, тие работат. Лани ги одржаа традициите со посетата на касапските куќи. Годинава ќе настапат според програмата. Мечкарите, традиционално, го отворат Прилепскиот карневал. Има најави дека и младите ќе изработат маски. На Карневалот сакаме да имаме и вип-гости, ќе ги очекуваме, барем по два-тројца претставници. И таму, во соседните земји, ни велат, имаат проблем со потврдите за преминувањето на границите, ама ќе се надеваме, објаснува Георгиев.

Прилепските мечкари се нестрпливи, сакаат да продолжи традицијата. Како што вели Тони Павлески, потпретседател на „Прилепските мечкари“, веќе ги почнаа подготовките.

– Подготовките ги почнавме пред десетина дена, штом ја слушнавме најавата дека ќе се одржува Карневалот. Се надеваме дека меркиве ќе дозволат, а најавата е дека ќе биде со домашни гости. Мораме да ја одржиме традицијата. Лани, и пред тоа, немаше. Без прилепските мечкари, Карневалот не може да се одржи. Традицијата од пред двесте години ќе ја продолжиме. Еве, поради короната, се одложи и поканата за учество во Бугарија. Имаме уште една покана за учество на 25 февруари. Ако дозволуваат услвите ќе учествуваме, ќе ја претставиме традиционалната маска на Мечкарите, вели Павлески.

Според програмата за култура за оваа година што ја усвоија прилепските советници, се враќаат културните манифестации, фестивалите, работилниците, бројните манифестации. Снежана Ристеска, советник за култура во прилепската локална самоуправа вели дека се предвидени сите настани и со буџет од околу 9 милиона денари, Прилеп ја донесе годишната програма за поддршката на манифестациите од културата која предвидува поддршка на бројни настани од културата.

-Продолжува поддршката на фестивалите како што се: МТФ „Војдан Чернодрински“, Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, Мариовско-мегленските културни средби, Карневалот „Прочка“, Интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички“, Пивофестивалот, Џез фестивалот, Културното ументичко лето, фестивалот „Силјан Штркот“, Мелфест, Поетско маркукуле, Денови на Крали Марко, предвидена е помош н концерти на Културноуметнички друштва, перформанси на танцови групи, помош во издаваштвото на прилепски автори, ќе се одвојат средства и за одбележување значајни личности и празници. Програмата предвидува помош на развојот на туризмот со поддршка на значајна билатерална и меѓународна поддршка, различни форуми, на обуки и семинари и креирање стратегијски документ. Се чини дека годинашнава програма за поддршка на настаните од културата, би рекле, ја почнуваме со карневалот Прочка, објаснува Ристеска.

Во програмата е и одржувањето и на Пивофест на лето, но сето, велат од локалната самоуправа, зависи од состојбите со пандемијата, со надеж дека ќе се надминат.

карневалот во Прилеп Прочка ќе се одржи годинава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.