Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По две години во Кривичниот суд: Нов почеток на случајот „ТНТ“ со докази на ЈО

0
By Нова ТВ on February 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 18, 2020 14:20
Со прикажување снимка од надзорна расправа во Собранието на Северна Македонија и презентирање докази од обвинителството, а селектирани од одбраната, денеска во Кривичниот суд започна судењето за предметот „ТНТ“ кој се однесува на уривањето на „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски. Случајот стартува од почеток поради промена на една поротничка во судечкиот совет. Пред почетокот на рочиштето, адвокатот на еден од обвинетите, Еленко Миланов поднесе процесен предлог во кој наведе дека доказите што се кај Обвинителството и предложени за изведување, а се однесуваат на 26 аудио снимки од 26 мај во 2017 година како и смс пораки од 12 мај во 2017 година, не може да се применуваат.
„Обвинителството нема овластување да предлага вакви докази од причина што законот за СЈО кој е во сила нема извршители кои може да применуваат вакви нелегални снимки. Донесениот Закон за Јавно обвинителство стапува во сила и ќе се применува по 30 јуни оваа година. Фактот дека законот со кој во иднина може да се овозможи користење вакви докази е состојба која е идна, неактивна и неприменлива. Затоа овие докази во овој момент треба да бидат издвоени поради немање законска можност да опстојуваат. Доколку по 30 јуни овие законски одредби опстанат, не постои пречка да бидат прифатени“, истакна Миланов.
Адвокатот Дончо Наков, пак, побара од судот ново овластување за обвинителот Бурим Рустеми кое, според него, е делегитимирано со законот на СЈО, бидејќи, како што појасни, се работи за предмет кој е од почеток. Наков рече дека материјалните докази кои денеска ќе се презентираат се невалидни бидејќи не се знае како се набавени.
Претседателот на судечкиот совет, Огнен Ставрев истакна дека обвинителот Рустеми има уредно овласување, дека се работи за ист предмет и не му е потребно ново. Во однос на материјалните докази, Ставрев рече дека сите се прифаќаат и ќе бидат презентирани.
Поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, кој на претходните две рочишта беше болен поради што и се одлагаа, рече дека сè уште е под отворено боледување, но ќе направи напор да остане на судењето доколку не трае долго.
За уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“, меѓу обвинетите, се и поранешниот премиер, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски. Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.
Космос Случај „ТНТ“ Фијат Цаноски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.