Од утре ќе се проверуваат картоните за вакцинација на сите деца во државата за да се види кои не се вакцинирани против морбили (ММР вакцина), откако вчера беше прогласена ограничена епидемија на морбили (мали сипаници) на територијата на скопската општина Гази Баба.
На клиниката за инфективни болести се примени пет деца, најмалото од една, а најстарото од 11 години. Денеска нема нови случаи на заболени.
Министерството за здравство во соработка со Центар за јавно здравје Скопје и Институтот за јавно здравје почнува вакцинација на сите лица на возраст од 6 месеци до 60 години, доколку не се вакцинирани или не се потполно вакцинирани на територијата на општина Гази Баба во областа „Кванташка депонија”.