Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По изјавата на Ердоган, финската премиерка на средба во Шведска

0
By Ана Василевска on February 2, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Финската премиерка Сана Марин
Финската премиерка Сана Марин
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерите на земјите кандидати за НАТО Шведска и Финска денеска треба да се сретнат Стокхолм, еден ден откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Хелсинки може да добие зелено светло од Анкара, но не и Стокхолм за влез во Алијансата.

Финската премиерка Сана Марин е првата шефица на влада што ќе биде примена од нејзиниот шведски колега Улф Кристерсон откако тој ја презеде функцијата минатата есен.

На состанокот најверојатно првенствено ќе се разговара за закочениот процес на приклучување на двете нордиски земји во НАТО.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во мај 2022 година, но Турција го блокира процесот.

Турскиот претседател Ердоган вчера рече дека неговата земја позитивно гледа на барањето на Финска за членство во НАТО, но не ја поддржува кандидатурата на Шведска.

„Нашиот став за Финска е позитивен, но што се однесува до Шведска, не е“, рече Ердоган во врска со обидите на двете земји да се приклучат на Северноатлантската Алијанса.

Анкара својата поддршка за двете земји ја условува со екстрадиција на „терористи“, главно Курди. Таа бара Хелсинки и Стокхолм да заземат особено строг став кон членовите на Курдистанската работничка партија (ПКК), која Турција и ЕУ ја сметаат за терористичка организација, и втора група која ја обвинува за обидот за пуч во 2016 година.

Трите страни во јуни минатата година постигнаа договор во Мадрид за целите, но Анкара ги прекина разговорите минатиот месец откако се зголемија тензиите кога десничарски екстремист запали Куран во близина на турската Амбасада во Стокхолм.

„Шведска во моментов не треба да се труди со обидите да ја добие нашата согласност. Нема да дадеме потврден одговор на нејзиното барање сè додека тие дозволуваат палење на Куранот“, рече Ердоган.

Финска веќе неколку пати кажа дека би сакала да влезе во НАТО заедно со Шведска.

НАТО Реџеп Тајип Ердоган Финска Финската премиерка Сана Марин Шведска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.