Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По Меркел, Курц, Столтенберг, Асенборн – доаѓа и советникот на Трамп

1
By Нова ТВ on September 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од вас зависи, одлуката е на граѓаните, референдумот е историска шанса за земјата, која не се појавува секој ден, поддршка за успех на плебисцитарното изразување на граѓаните. Ова се дел од пораките што изминатите денови на интензивирани дипломатски активности ја пренесуваат  претставниците на меѓународната заедница, кои ја посетија Македонија во пресрет на престојниот референдум.

Во Скопје вчера прв пат од воспоставувањето на диломатските односи, пред 25 години, на Денот на независноста, престојуваше германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев потенцира дека нејзината посета и поддршката за престојниот референдум и Договорот од Преспа во себе не содржат елементи на закани или какви било притисоци со цел да се влијае врз македонските граѓаните.

– Никој не им се заканува на македонските граѓани со изолација. Тие можат и треба сами да одлучат за иднината на државата. Иднината може да биде членство во НАТО и ЕУ, доколку имате успех на референдумот на 30 септември. Но, секако има и одредени предуслови што треба да се исполнат, рече вчера Меркел.

Таа нагласи дека спорот меѓу Македонија и Грција мораше да се реши, бидејќи одлуките за интегрирање на земјата во ЕУ и НАТО потоа се носат консензуално од сите земјите-членки.

– Луѓето на 30 септември имаат можност, исто како што направија пред 27 години, да гласаат дали сакаат да припаѓат на семејството на ЕУ и НАТО, а тоа бара истовремено прифаќање на Договорот со Грција, рече Меркел на заедничката прес конференција со македонскиот премиер Зоран Заев.

Меркел излезе со јасна политичка порака: „Не останувајте дома на 30 септември, на овој историски ден. Искористете ја шансата и кажете каква иднина сакате да имате“.

Меркел вчера се сретна и со лидерот на опозицијата и нагласи дека пораката до него била дека  „за важните прашања во една демократија мора да им заедничка национална одговорност“.

Мицкоски по средбата со Меркел изјави дека во текот на наредната недела партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат состанок и ќе биде донесен конечниот став за референдумот.

 

Во пресрет на референдумот во посета на Македонија престојуваа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи на Луксембур Жан Аселборн, австрискиот канцелар Себастијан Курц.

– За неколку недели ќе имате референдум на кој треба да се одлучите за иднината, за вашето членство во ЕУ и во НАТО. На вас е да одлучите дали ќе гласате и ќе го изразите мислењето, а НАТО е подготвен да ве прифати како 30. земја-членка, е пораката, што ја пренесе Столтенберг.

За министерот за надворешни работи на Луксембург Аселборн претстојниот референдум е предизвик за земјата. – Треба да се одлучите дали ќе останете во минатото или ќе изберете иднина. Излезноста на референдумот мора да биде висока, што ќе биде во интерес и на вашата земја и на ЕУ, додаде тој.

Фото:Миа

За Курц решавањето на прашањето за името е голема шанса за динамика на Македонија и на целиот регион. Тој за време на престојот во Скопје ги повика граѓаните да учествуваат на претстојниот референдум и да гласаат „за“ договорот и „за“ европската перспектива на Македонија.

– Тоа е одлука на секој поединец и навистина  не е мое да ја направам одлуката за некој друг, но како пријател на Македонија и како активна земја членка на ЕУ ние ќе сметаме дека би било многу позитивно доколку има големо учество и позитивен исход на референдумот, изјави Курц, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Денеска во Скопје пристигнува американскиот сенатор и претседавач на Комисијата за државна безбедност Рон Џонсон, кој е еден од коспонзорите на резолуцијата на Сенатот за поддршка на Договорот од Преспа.

Џонсон, кој е претседавач на сенатската Комисија за државна безбедност, освен Македонија, ќе ги посети и Грција, Србија и Косово.

Сенаторот Џонсон е еден од високо рангираните соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, задолжен за специјални мисии. Воедно, тој е и претседавач со Поткомитетот за европска и регионална безбедносна соработка.

Републиканскиот сенатор од Висконсин, последен пат престојуваше во регионот во февруари, кога ги посети Белград и Приштина.

Џонсон во своите јавни настапи се залага за поголем ангажман на Вашингтон на Балканот и за интеграција на земјите од регонот во ЕУ и НАТО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.