Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По посетата на Коѕијас: Резултатите од Скопје, патуваат во Виена

1
By Нова ТВ on March 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција вчера во Скопје на маса ги ставија позициите на двете земји по размената на нацрт-спогодбите за решавање на спорот со името,

Двајцата министри на прес-конференцијата по средбата рекоа дека се залагаат за компромисно и праведно решение за името кое ќе ги поврзе интересите на двете страни, ќе гледа кон иднината, а не кон минатото и ќе го зачува дигнитетот на граѓаните на двете држави, Сепак, потенцираат оти процесот е во тек, а разликите се уште се на маса и се прават обиди за нивно надминување.

Димитров на заедничката прес-конференција истакна дека за македонската страна предлогот за слеано име со географска одредница на македонски јазик без превод не е најдобар правец, додека Коѕијас уште еднаш повтори дека Грција не се откажува од промена на македонскиот Устав.

Двајцата министри не изнесуваа детали од разговорите, нагласувајќи оти не сакаат отворенo да говорат за позициите додека траат преговорите.

– Сложено име, со географска одредница, кое ќе биде слеано и во себе ќе го содржи името Македонија доколку се изговори брзо може да се случи да не се слушне зборот Македонија – рече шефот на македонската дипломатија, нагласувајќи оти во името е идентитетот на граѓаните на земјава.

Коѕијас нагласи дека Грција инсистира на промена на македонскиот Устав, бидејќи според праксата на европските уставни судови, националните устави се над европското и меѓународното право.

-Нацрт-спогодбите се документи со кои треба да се разјаснат позициите на страните, а не да се отежне процесот – рече Коѕијас, а Димитров се надоврза дека Македонија се залага за одржливо решение кое ќе биде постигнато и прифатено од јавноста и граѓаните на двете земји.

Грчкиот министер рече дека на крајот двете страни треба да добијат еден текст што медијаторот Метју Нимиц ќе го преточи во договор и ќе го достави до Советот за безбедност на ОН, како потврда дека проблемот е решен.

Коѕијас за време на престојот во Скопје имаше средби со македонскиот државен врв, со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Иднината на Македонија и Грција треба да биде во фокусот на преговорите на двете земји за решавање на спорот со името, му порача Заев на Коѕијас.

– Треба да сме одлучни,и да правиме чекори кои не водат поблизу до решението на единственото отворено прашање меѓу нашите две земји. Уверен сум дека овој пристап ќе доведе до решение кое ќе им даде доволно прифатливи аргументи на институциите во двете земји, како и на опозицијата, да прифатат дека тоа ќе биде достоинствено и за Република Македонија и за Република Грција – нагласи Заев на средбата со Коѕијас. Заеднички било оценето дека е време за лидерски одлуки и за компромис прифатлив за двете страни.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на средбата со Коѕијас, како што соопштија од партијата, ги афирмирал ставовите и позициите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со името. Тој, се додава во соопштението, изразил загриженост за одредени чекори во грчкото општество кои иритираат и поттикнуваат негативни чувства кон Република Македонија, и нагласил дека тие не се од помош на целокупниот процес.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, пак, вчера од Брисел порача дека за Грција има два клучни услова околу компромисот за името – едниот е сложеното име со географска одредница, а вториот е тоа да биде одржливо решение.

-Не треба да биде „олеснета верзија“ туку одржливо решение за да се создаде силен дијалог меѓу народите, името треба да биде за секоја употреба, меѓународна, билатерална, но и за внатрешна употреба. Не може да има различно име во Обединетите нации, а да продолжи да се нарекува Македонија во Уставот. Договорот не е лесен, во Грција многу луѓе се противат, но ова е историска шанса која треба да се искористи – изјави Ципрас.

 

За прашањето за името полушеговито одговорил: „Следниот пат веќе нема да можете да го користите терминот Република Македонија, туку Горна или која било друга опција“.

Грчката опозицијата веднаш го критикуваше Ципрас за ваквиот одговор. Според  Нова демократија тој потврдил колку „неодговорно и површно управува со националните прашања“.

-Со несериозниот одговор до скопската новинарка, посакувајќи следниот пат кога ќе се сретнат да ја претставува Горна Македонија, Ципрас за жал потврдува колку неодговорно и површно лично тој и владата ги водат нашите национални прашања, пишува во соопштението од грчката опозициска партија.

Грчките медиуми вчера пред разговорите на двајцата министри коменатираа дека главен „трн“ во преговорите е македонскиот Устав.

– Се покажа дека во двата текста од Атина и Скопје, постојат важни разлики, а главниот „трн“ е Уставот. Грција смета дека по секоја цена треба да има уставна ревизија и да се смени уставното име затоа што само така ќе важи ерга омнес. Скопјаните, пак сакаат двојна формула, објави ТВ Антена.

Според телевизијата Стар, грчкиот нацрт-предлог содржи 20 страници, додека на пет страници биле одговорите од Скопје.

– Се согласуваат само за името, а Горна Македонија е предлогот што преовладува. Не се согласуваат за Уставот, за идентитетот, јави новинарката на грчката телевизија Стар, во директното вклучување од скопскиот аеродром.

Шефот на грчката дипломатија во Скопје пристигна со грчки авион, што е првиот што слетал на скопскиот аеродром по 12 години. Посетата на Коѕијас е прва по неговото преименување во Меѓународен аеродром Скопје, како една од отстапките на македонската Влада во процесот на преговорите за името.

По разговорите во Скопје, министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе имаат нова средба на 30 март во Виена на која ќе биде и посредникот на ОН, Метју Нимиц.

 

Алексис Ципрас Никола Димитров Никос Коѕијас позиции преговори спор со името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.