Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По преговорите во Истанбул и двете страни ја разгледуваат можноста за средба Путин – Зеленски

0
By Соња Крамарска on March 29, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 29, 2022 15:37

Руската делегација при руско-украинските разговори во Истанбул објави два чекора за деескалација на конфликтот кон Украина по првиот ден од разговорите, објави руската државна новинска агенција РИА-Новости.

РИА, повикувајќи се на руската делегација, рече дека чекорите вклучуваат „драстично намалување на воената активност во насоките Киев и Чернигив“, како и можност за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски истовремено со парафирањето на мировниот договор од страна на министрите за надворешни работи на двете земји.

Шефот на руската делегација, помошникот на претседателот Владимир Медински, ги нарече преговорите „конструктивни“, пренесе РИА.

Рускиот Генералштаб ќе објави повеќе детали за чекорите за намалување на непријателствата во Украина по враќањето на руската делегација од разговорите во Истанбул, изјави рускиот заменик министер за одбрана Александар Фомин за руската државна новинска агенција ТАСС.

Во меѓувреме, советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак, рече дека е постигнат доволен напредок за време на разговорите меѓу руската и украинската делегација за да им се овозможи на Путин и Зеленски да се сретнат. Говорејќи во Истанбул по разговорите меѓу двете страни во вторникот, Подољак рече дека сега постои „веројатност“ двајцата претседатели да се сретнат.

„Сега имаме подготвени документи кои им овозможуваат на претседателите да се состанат на билатерална основа“, рече тој. Разговорите меѓу двете страни „ќе продолжат онлајн 24/7“, рече Подољак, додавајќи дека на Украина и треба „јасна правна формулација“. „Руската делегација е конструктивна и свесна. Ова не значи дека преговорите се лесни. Тие се многу тешки. Но, руската страна обрнува внимание како на руските така и на украинските предлози“, додаде тој.

Истанбук Руско-украински преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.