Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По ратификација во парламентите, отварање на Културно-информативни центри во Белград и Скопје

0
By Ана Василевска on March 31, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Од денешната прес-конференција во Белград
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција по средбата во Белград со премиерката Ана Брнабиќ, одговарајќи на новинарско прашање за отварање на Културно-информатовните центри на двете држави во Белград и Скопје, изјави дека Законот за ратификација на отворање на културно информативните центри во Скопје и Белград ги поминал сите собраниски процедури и да треба да се изгласа на пленарна седница во нашето Собрание, јави дописникот на МИА од Белград.

„Од тоа веднаш следува работна средба на Министерството за култура на која што ќе се одлучува за решавање на просторното прашање каде ќе бидат сместени. Ние веќе ова го имаме вклучено во нашата програма за соработка во делот на културата, и штом ќе бидат овие практично технички прашања решени, ќе се премине кон именување на оној којшто ќе раководи со нашиот културен центар во Белград и ќе може да започне со работа исто како што започнаа со работа културните центри коишто ги имаме во Софија и во Тирана. И сметам дека културниот центар во Белград навистина ќе биде место каде што не само Македонците коишто живеат тука ќе го посетуваат, туку и голем број на Срби ќе дојдат да се запознаат со преубавото културно наследство и сите негови елементи коишто ќе ги понудиме тука во Србија“, рече Ковачевски.

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави двете држави на 25 февруари минатата година потпишале договор за отварање на КИЦ и дека ќе разговара со претседателот на Народното собрание на Србија, Владимир Орлиќ за што поскоро да се стави законот на дневен ред, бидејќи веќе има добиено согласност од соодветната собраниска комисија.

Таа оцени дека не постои проблем во спроведување на овој договор.

„Македонците во Србија, ова го велам затоа што сите мислиме така и сите можете во тоа да се уверите, Македонците се навистина наши браќа и пријатели и ќе ни биде задоволство ова (Културно-информативни центри) да го спроведеме“, рече Брнабиќ.

Таа додаде дека Србија ќе го стави на располагање својот културен центар во Париз на Северна Македонија за промоција на Отворен Балкан.

Ана Брнабиќ Димитар Ковачевски Културни центри Белград и Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.