Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По шест месеци во капела, двајцата мигранти конечно ќе бидат погребани

0
By Менче Атанасова Точи on December 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Телата на двајцата мигранти кои шест месеци се во капелата во Бутел, ќе бидат погребани денеска во 14 часот. Погребот го организира и сите трошоци ќе ги покрие Центарот за социјална работа на Скопје. Ваквата одлука е донесена веднаш откако обвинителката која го води случајот испратила допис со кој се потврдува дека телата се идентификувани дека може да се погребат.

„Дописот од ОЈО стигна пред два дена и ние веднаш го организиравме погребот. Телата ќе бидат погребани утре(петок) во 14 часот на гробиштата во Бутел, согласно со законските процедури и верските обичаи. Сите трошоци ќе ги покрие Центарот за социјална работа“, изјави вчера за НОВА, Наташа Стојановска директорка на Центарот за социјална работа, која нагласи дека ова не е првпат тие да ги покриваат трошоците и да организираат погреби за мигранти кои починале на територија на нашата држава.

Од  Здружението Легис велат дека погребната молитва (џеназе намаз) на двајцата мигранти ќе се одржи на гробишта, при самиот погреб, не во џамија бидејќи телата се во фаза на распаѓање.

Како што објави НОВА, во септември повеќе од два месеца никој не знаеше каде се телата на загинатите момчиња кои го изгубија животот на 25 јуни кога товарно возило марка „ивеко“ во кое се превезувале мигрантите  удрило во ограда од мост при што уште 17 мигранти беа повредени, а возачот избега од местото на несреќата.

НОВА ги пронајде во капелата во АД Бутел, од каде што не дозволуваа да се погребат бидејќи, како што рекоа, „од таму никој не може да ги подигне бидејќи не се идентификувани“.

Починатите мигранти (едниот од Шри Ланка, другиот од Бангладеж) таму се чувани во фрижидери, но со секој ден стоење, сумата на фактурата е се поголема.

За тоа време институциите си ја префрлаа топката едни на други, а од Институтот за судска медицина тврдеа дека ОЈО, односно надлежниот обвнител требало да достави службена белешка за нивниот идентитет. Кога тоа не се случило во Судска ги завеле како НН, односно непознати лица.

Поминаа месеци додека не се расчисти целата оваа ситуација и се најде  пропустот. Затоа време случајот зеде медиумски публицитет , а Македонија беше посочена како земја која ги прекршува човековите права.

Мигранти погреб
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.