НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По сторијата на НОВА гинекологот Дамчевски доби отказ во Бугарија

0
By Менче Атанасова Точи on December 6, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Гинекологот Николче Дамчевски имал упатен акт за издржување на казна затвор уште на 14.11.2018 година, кога е побарано од МВР да се утврди неговата достапност. До овој момент Судијата за извршување на санкции нема никаков одговор од МВР, потврдија за НОВА од Основниот суд 1 во Скопје.

Од Судот велат дека на Дамчевски му биле одредени и мерки на претпазливост, му бил одземен пасошот кои важеле до правосилноста на пресудата и до овој момент никој не побарал тие да се укинат.

„По правосилноста на пресудата односно, откако предметот бил потврден и преиначен во делот на казната од Апелациониот суд Скопје и истиот е  доставен до судија за извршување на санкции изготвен е упатен акт за обвинетиот да се јави на издржување на казната затвор, а на 14.11.2018 година побарано е од МВР да се утврди неговата достапност за што до овој момент не е добиен одговор“, се вели во одговорот од Основен суд 1-Скопје. Од таму најавија и пошироко соопштение за јавноста поради големиот притисок и барање одговор од медиумите.

Од ОЈО пак,тврдат дека надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка предложил, а тоа било и прифатено, на тогаш осомниченото лице да му се определат мерки на претпазливост и тоа: Забрана за напуштање на живеалиште,  обврска за јавување кај определено службено лице или надлежен државен орган, привремено одземање на патната исправа или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање на нова и забрана за преземање определени активности кои се поврзани со кривичното дело.

„На 23.03.2018 година, обвинителството прими известување од граѓанин дека тогаш обвинетото лице поседува и бугарска патна исправа. Уште истиот ден надлежен јавен обвинител известувањето го проследи до судот, а издаде и Наредба до МВР за проверка на известувањето. На 12.04.2018 година до Основното јавно обвинителство Скопје е доставено известување од МВР дека лицето има државјанство на Република Бугарија и дека поседува бугарска патна исправа, но по извршена проверка во евиденцијата на МВР било утврдено дека во критичниот период од почетокот на истрагата против него тој не ја искористил оваа патна исправа, односно не направил влез-излез од Република Македонија на кој било граничен премин со оваа патна исправа. И ова известување уште истиот ден било доставено до надлежен суд како доказ во судска постапка, а со цел судот да го има предвид и да го цени при обезбедување присуство на осомничениот“, се вели во одговорот од ОЈО.

Кој потфрлил во случајот со осудениот Николче Дамчевски и чија е одговорноста, треба да одговорат надлежните. Засега, молк каде затиле работите.

Случајот со Дамчевски е топ тема и во бугарските медиуми. Во Медицинскиот центар „Мајчин дом“, за НОВА потврдија дека Дамчевски не работи веќе таму откако било интервенирано од Министерството за здравство на Бугарија.

„ Тој не работи веќе тука и во моментот се испитува случајот. Дамчевски беше вработен со граѓански договор( договор на дело) а не со решение за стален работен однос. Но, Дамчевски е бугарски државјанин, не направил престап во Бугарија и по тој основ немало пречка да биде вработен и да стане член на Лекарскиот сојуз на Бугарија“, изјавија за НОВА од службата за односи со јавноста во Медицинскиот центар „Мајчин дом“.

Од таму најавија и пошироко соопштение за јавноста поради големиот притисок и барање одговор од медиумите.

Дамчевски од денеска е избришан од веб страна на Медицинскиот центар„Мајчин дом“ во Софија. Осудениот гинеколог го нема повеќе меѓу лекарите специјалисти кај кои може да се закаже терми, а кога ќе отворите на линкот не се појавува неговата фотографија заедно со биографијата.

Во меѓувреме од Лекарската комора на РМ информираат дека ќе пратат официјален допис до Лекарскиот сојуз на Бугарија дека се изненадени што гинекологот Николче Дамчевски е вработен во Медицинскиот центар„Мајчин дом“, со оглед на тоа дека има извршна пресуда со казна затвор од две години и забрана за вршење на дејност во траење од 8 години.

Неофицијално дознаваме дека  Дамчевски во август годинава барал потврда за поседување на лиценца за работа од Лекарската комора, која не му била дадена. Од тие причини тој во бугарскиот Сојуз на лекари доставил стар документ од 17 март 2016 година и потврда од август 2018 година дека не е осудуван. Тоа е моментот кога одлуката се уште не била извршна.

Гинекологот кој е осуден за Тешки дела против здравјето на луѓето и фалсификување исправа, поради тоа штѕо девете месеци лажеше пациентка дека е бремена,  пред судот ја призна вината и за двете дела, Несовесно лекување и Фалсификување на медицински документи. На 7 ноември Апелациониот суд ја потврди пресудата од Основен суд 1 и му ја зголеми казната од 1, 6 месеци на 2 години казна затвор.

Дамчевски студирал и специјализирал во Бугарија и тоа токму во Универзитетската болница„ Мајчин дом“ каде што се вработил последните месеци. Покрај во Лекарскиот сојуз на Бугарија, тој е член на Буграската асоцијација за стерилитет и репродуктивно здравје, на бугарското Друштво по акушерстви и гинекологија, член е на ЕШРЕ.

МВР Николче Дамчевски Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.