Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Победена огнената стихија во Кочани за среќа без жртви

0
By Mirjana on August 3, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 3, 2021 21:55

Само што помисливме дека летово и пеколните температури кои на сите ни задаваат по малку главоболки, ќе ги поминеме без страотни глетки на домашен терен, како оние од пожарите во Италија, Грција, Турција, или од крајниот руски исток, САД и Канада, апокалиптичните сцени се појавија и кај нас. Се случи Кочани, огнената стихија сосема тивко и со неверојатна брзина, како крадец се доближи до семејните домови.

Додека мнозинството граѓани сеуште го празнуваа Илинден, единиците на армијата и на противпожарните служби како и на ЦУК, ДЗС и други институции се интегрираа и заеднички координирано се спротивставија на огнот кој беше со потенцијал да проголта се пред себе. Се мобилизираа и граѓаните кои го извадоа на мегдан целокупниот земјоделски ,,арсенал“ од лопати, вили и мотики до црева за наводнување ,и се друго со што можеше да се попречи линијата на огнот. Беше прекината државната церемонија на Мечкин Камен од каде неколку членови на владата заедно со премиерот Заев го напуштија Крушево и се упатија кон Кочани.

Сето ова покажа дека системот функционира дека Македонија добро се справи со огнената закана и дека добро се снаоѓа во криза. Но, најголемата придобивка сепак, е отсуството на жртви, за среќа не се дозволи развој на ситуацијата и нејзино излегување од колосек , после кое денеска броењето на смртни случаи ќе беше неизбежно. Мал беше и бројот на граѓани кои поради вдишување на чад побараа или беа однесени во здравствените домови, па потоа пуштени дома. Речиси сите здравствени установи во и околу Кочани беа подготвени за најстрашниот можен развој на состојбата но, до тоа сепак не дојде. Луѓето кои директно му се спротивставија на огнот стручно и професионално пристапија на терен и веќе во доцните вчерашни часови, беше скротена и победена огнената стихија околу Кочани, која за момент наликуваше на Библиските Содома и Гомора.

Институциите, државните и владините, односно нивните претставници, побараа помош од соседните и од други земји од странство. И помошта, како што видовме попладнево, почна да пристигнува прво од Србија која ни испорача 4 хеликоптери , а тука е и помошта од Грција, Бугарија, Словенија..

Во вакви ситуации никој не може сам. Солидарноста, принципот на кој толку многу повикува и ЕУ, НАТО и целиот развиен свет, мора и треба да функционира 24/7. Тоа се потврди и сега врз нашето искуство, исто како што и ние сме го примениле принципот на солидарност во елементарни непогоди кај другите земји. Време е и да се научи по нешто од ваквите ситуации, исто како што велат лекарите дека болката понекогаш е најдобриот пријател на човекот. Некогаш и ситуациите ни отвораат перспектива за градење нови искуства, како да се снајдеме во моменти како овој,кога леталата специјализирани за гасење пожари се приземјени.Оваа криза не потсети на институционалните капацитети, немање на канадери и колку е тоа многу важно , зашто ако беше поголем пожарот (патем сеуште има опсност) , нема да може да се одговори на предизвикот. И тука уште еднаш се потврди величината на човечкиот фактор, без него ништо, ова секако го наведуваме без обид да ја релативизираме потребата леталата и пропратната механизација да се постојано на готовс, или да се вработат поголем број пожарникари или да се располага со најсовремени средства за овие елементарни непогоди.

Но, ајде прво да го угасиме огнот што ни ги „јаде“ шумите и полињата, а потоа да го „палиме“ огнот, таков, што на ниту една влада нема да и овозможи  комодитет кога ќе се најде во негова близина.

Мирјана Трпческа

 

 

 

без жртви изгаснат пожар Кочани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.