По повод 8 Септември – Денот на независноста, денеска од касарната „Илинден“ во Скопје, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од единица на артилерискиот баталјон на Армијата.

Претходно, соопштија од Министерството за одбрана, во периодот од 15 до 17 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден плотун од 6 артилериски орудија.