Вчера почина професорот и архитект Славко Брезоски автор на некои од позначајните објекти во Македонија. Комеморативната седница ќе се одржи во петок на 10.03.2017 година со почеток во 11часот на Архитектонскиот факултет во Скопје, а погребот ќе биде во сабота 11.03.2017 година во11.30 часот на градските гробишта во Бутел.

Брезоски беше претставник на повоената генерација македонски архитекти.

Тој е архитект на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Стоковна куќа и Комунална банка во Скопје, Работнички дома (Дом на синдикати) во Скопје, амбасадата на СФРЈ во Бразилија (Бразил), хотел „Славија“ на Попова Шапка, хотел „Неда“ во Галичник, спомен дом на Шамарица во Хрватска и многу други.

Тој е добитник е на први награди на повеќе домашни и меѓународни архитектонски конкурси, меѓу кои „11. Октомври“ на Република Македонија, „13. Ноември“ на град Скопје, наградата за животно дело и особени достигнувања од областа на архитектурата и градителството „Андреа Дамјанов“, Признание за исклучителен придонес во развојот на инженерската струка во Република Македонија од Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија и други.