Поранешниот претседател на Германија, Роман Херцог почина на 82-годишна возраст. Тој дојде на чело на Германија во 1994, четири години откако се соединија Источна и Западна Германија.

Тој еден од клучните функционери кои бараа економски реформи во 90-тите за Германија како и иницијатор за врежување на Холокаустот како дел од историјата.

Херцог беше професор по право и политика, а на чело на државата беше од 1994 до 1999 година.

Во време кога Германија страдаше од невработеност, Роман Херцог реформите рече дека се неопходни за земјата да не се мачи во иднина.

– Песимизмот стана нормална работа во нашата земја. Оние кои сакаат да ги одложат реформите или да ги спречат, мора да сфатат дека нашата земја ќе плати висока цена за тоа, порача Херцог во свој говор во 1997 година.

Тој го воспостави и 27.јануари како ден за одбележување на жртвите од Холокаустот.

Еврејската заедница ги поздравуваше неговите заложби да не се заборави црната точка од историјата на Германија и човештвото.