Синоќа во тетовската болница починала родилка која била донесена околу полноќ на клиниката со висок притисок и влошена здравствена состојба, дознава НОВА.

Од Министерството ја потврдија информацијата и соопштуваат дека при прегледот, константирано било дека породувањето веќе започнало. Оттаму велат, веднаш било постапено според протоколот, меѓутоа за кратко време пациентката паднала во кома, а дежурните лекари во меѓувреме ја породиле. Направена била реанимација, но пациентката не давала знаци на живот и констатирана е смрт.

Бебето во меѓувреме е префрлено и згрижено на Детската клиника во Скопје.

За Клиничката болница во Тетово веќе се води еден случај во Јавното обвинителство против гинеколог кој се товари дека можел да и го спаси животот на родилката Виолета Кировска, но постапил со задоцнување кога таа била во критична состојба поради искрварување, по што таа по неколку дена почина.