Познатиот српски актер Бранко Цвеиќ, долгогодишен член и директор на Југословенскиот драмски театар, почина денеска во Белград на 76-годишна возраст, објавија српските медиуми. Цвеиќ неодамна бил хоспитализиран, откако му се слошило за време на проба во театар.

Цвеиќ ѝ припаѓа на генерацијата на српски и југословенски театарски, филмски и телевизиски актери која, кон крајот на 60-тите години од минатиот век, целосно го презеде освои и радикално го промени изгледот на дотогашната театарска сцена.

Неговиот придонес во актерската револуција кулминираше во телевизиската серија „Со грло во јагоди“, на авторите Срѓан Карановиќ и Рајко Грлиќ, со кој беше одбележан тој стилски пресврт. Улогата на Бане Бумбар во неа го направи Цвеиќ еден од водечките драмски уметници во неговата генерација и поранешна Југославија.

Во текот на кариерата, тој имаше низа на значајни улоги во повеќе од 40 играни филмови, ТВ серии и драми. Цвеиќ е роден во Белград на 25 август во 1946 година.