Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина Трајче Грујоски,поранешен функционер,професор и борец

0
By Нова ТВ on July 17, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Почина Трајче Грујоски, универзитетски професор, носителот на „Партизанска споменица 1941“, министер во југословенската влада на Петар Стамболиќ.Иако во длабока старост, последните десетина години Грујоски(95), беше активен во залагање на  развојот на демократијата во земјата. Со неговите колумни  Грујоски се обидуваше да придонесе Македонија конечно да зачекори на патот на прогресот и да се почитуваат демократските права на граѓаните.

Ќе остане запаметен како голем бранител на правата на борците, не само поради тоа што и самиот бил учесник во НОБ од 1941 година туку и за да не се минимизира периодот кој резултираше со создавањето на македонска држава.

Во неговите зрели години Трајче Грујоски беше министер за законодавство во Сојузниот извршен совет на чие чело беше Петар Стамболиќ, беше министер и во републичката влада, потпретседател на македонското Собрание, судија во Уставниот суд, претседател на Управниот одбор на Радио Скопје и МРТВ, а во исто време и професор на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Климент Охридски“.

Тој е роден во 1921 година, во село Раково, во близина на Лерин, по што се преселува со семејството во Битола.

Неговата последна колумна со наслов „Молзење на граѓаните“, ќе излезе во утрешниот број на Слободен Печат.

 

 

Грујоски почна професор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.