Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна скринингот: Кои поглавја се најобемни, а кои најчувствителни

0
By Нова ТВ on July 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија го почна процесот на скрининг за подготовка на почетокот на пристапните преговори со Европската унија, кои се очекува да се отворат во јуни следната година.

За главен преговарач е назначен вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, а за технички преговарач советникот на премиерот Бојан Маричиќ. Одлуката е донесена на вчерашната владина седница, на која присуствуваше и еврокомесарот за проширување и соседство Јоханес Хан, со чија посета на Скопје и официјално беше означен почетокот на скринингот.

Што е скрининг

Популарно наречениот „скрининг“ е всушност процес на аналитички преглед на целокупното европско законодавство, кој се спроведува во рамките на процесот на пристапните преговори. Секоја земја која станала членка на ЕУ поминала низ овој процес. Станува збор за над 100.000 страници на европското законодавство и огромен број на технички стандарди, вклучува десетици институции на ЕУ и стотици институции на земјава со околу 1000-2000 национални експерти. 

Вообичаено скрининг процесот во сите негови фази може да трае од една до две години и истиот е унифициран за сите земји, вели Драган Тилев, државен советник во СЕП и додава дека тој ги рефлектира и спецификите на секоја земја во одредени подрачја, а ќе ги земе предвид и сите промени во европското законодавство што можат да се случат во меѓувреме.   

Еврокомесарот Јохане Хан кој присуствуваше на владината седница го претстави начелниот план за скринингот.

Хан порача дека вратите на ЕУ за Македонија се ширум отворени и додаде дека од земјата зависи дали тоа ќе го искористи или не.

Вратата кон ЕУ, рече Хан, е ширум отворена благодарение на реформските приоритети на кои работеше Владата измината година, но и на постигнатите договори за добрососедство со Бугарија и за името со Грција.

– На вас е да одлучите за иднината на вашата земја, на еден слободен и суверен начин. Граѓаните треба да ја донесат конечната одлука, да го искористат своето демократско право и да учествуваат на претстојниот референдум, истакна Хан.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ, Османи на седницата на Националниот совет, на која присуствуваа Хан и известувачот за Македонија во ЕП, Иво Вајгл, нагласи дека ова е време на одлуки со големо „О“.

– За Македонија ЕУ и НАТО интеграцијата е точката која не поврзува во земјата и пред нас имаме една година за да докажеме дека го заслужуваме членството, порача тој.

Нагласи дека од нас зависи дали ќе одиме напред или ќе се вратиме назад.

Претседателот на НСЕИ и член на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски појасни дека скринингот е дијагноза, односно согледување колку сме усогласени со законодавството на ЕУ и дали имаме институции кои можат да ги применат тие закони. Според него, Македонија има одлични закони, но кубури со институциите и оцени дека е потребна промена на менталитетот „имаме мнозинство правиме што сакаме“.

– Нам ни треба промена на матрица. Аргументот кој најчесто се користи за тоа е дека и оние пред тоа и пред, пред тоа истото го правеа. Тоа кој што правел во минатото треба да заврши и треба да почнеме да размислуваме за тоа што ќе правиме утре и понатаму. Веројатно тоа е можно бидејќи Македонија има капацитет. Граѓаните согледуваат што е добро, што не е добро и во кој правец треба да се движиме. Јас мислам дека имаме привилегија да ја зацврстиме Македонија и да и помогнеме да го смени менталниот склоп. Тоа носи одговорност не само за власта, туку и за опозицијата, рече Попоски.

Вајгл нагласи дека ова клучен историски момент за Македонија и треба да се процени како прв конкретен чекор кон членството во ЕУ.

– Ова не е формалност, ова е содржинска шанса за напредок. Членството во ЕУ и НАТО се историска шанса за Македонија. Нема да има втора шанса. Сакам да ја пренесам пораката до вас дека нема да има втора шанса  за да се решат отворените прашања што го оптоваруваа процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ многу години откако станавте кандидат за членство. Никој не може да замисли подобри услови за да се започнат преговори и да се завршат преговорите успешно меѓу Македонија и Грција, рече Вајгел честитајќи им на премиерите на двете земји за постигнатиот договор.

Хан во обраќањето до членовите на НСЕИ истакна дека скринингот е само на почетокот од едно долго патување.

– Важно е да демонстрирате инклузивност и дека се работи на стратешките приоритети на земјата. Имате единствена можност да се обединат сите различни сили во општеството и да се направи разлика на подобро. Пред нас се голем број предизвици затоа ве охрабрувам да бидете концентрирани и обединети, порача Хан.

Најобемни земјоделство и рурален развој, најчуствителни судство и  основни права

Според претходните искуства од земјите кои поминале низ процесот најчувствителни се поглавјата 23 (Правосудство и фундаментални права) и 24 (Правда, слобода и безбедност). Најобемни се поглавјата 11 (Земјоделство и рурален развој), 12 (Безбедност на храна, ветерина и фитосанитарна политика), 27 (Животна средина), додека предизвик ќе бидат и поглавјата 1 (Слободно движење на стоки), 8 (Политика на конкуренција), 19 (Социјална политика и вработување).

Има вкупно 35 поглавја, но само во 33 има конкретно европско законодавство (Acquis). Поглавјето 34 е за утврдување на институционалните прашања, додека поглавјето 35 е за се „останато“ што не е покриено со стандардните 33 поглавја.

Според новата пракса на Европската комисија, во преговорите први се отвораат поглавјата 23 (Правосудство и фундаментални права) и 24 (Правда, слобода и безбедност), кои се сметаат за најчувствителни и „ранливи“. 

Вајгл скрининг Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.