Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан: Ова е почeток на долго патување, да почнеме со работа

1
By Нова ТВ on July 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 17, 2018 13:37

Да се зафатиме со работа, имате рандеву со историјата. Затоа нема време за губење. Ние сме само на почетокот од едно долго патување, порача денеска еврокомесарот Јоханес Хан обраќајќи се на седницата на Националниот совет за евроинтеграции.

– Важно е да демонстрирате инклузивност и дека се работи на стратешките приоритети на земјата. Имате единствена можност да се обединат сите различни сили во општеството и да се направи разлика на подобро. Пред нас се голем број предизвици затоа ве охрабрувам да бидете концентрирани и обединети, порача Хан.

Тој нагласи дека во однос на реформите кон ЕУ приоритет треба да се даде на клучните области идентификувани од страна на Европскиот совет, а Европската комисија ќе продолжи да и помага во овој процес на земјата кој ги опфаќа реформи во правосудството, борба против корупцијата и организираниот криминал, реформата на безбедносните и разузнавачките структури и реформата на јавната администрација. Укажа дека предвидениот референдум ќе биде важен за иднината на земјата и ги повика сите граѓани особено младите да го остварат демократското право оти како што посочи секој глас е битен.

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции (НСЕИ) и член на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски појасни дека скринингот е дијагноза, односно согледување колку сме усогласени со законодавството на ЕУ и дали имаме институции кои можат да ги применат тие закони. Според него, Македонија има одлични закони, но кубури со институциите и оцени дека е потребна промена на менталитетот „имаме мнозинство правиме што сакаме“

– Нам ни треба промена на матрица. Аргументот кој најчесто се користи за тоа е дека и оние пред тоа и пред, пред тоа истото го правеа. Тоа кој што правел во минатото треба да заврши и треба да почнеме да размислуваме за тоа што ќе правиме утре и понатаму. Веројатно тоа е можно бидејќи Македонија има капацитет. Граѓаните согледуваат што е добро, што не е добро и во кој правец треба да се движиме. Јас мислам дека имаме привилегија да ја зацврстиме Македонија и да и помогнеме да го смени менталниот склоп. Тоа носи одговорност не само за власта, туку и за опозицијата“, рече Попоски.

Според него, ако се обединат власта и опозиција околу скринингот на институциите Македонија ќе добие, ако не, рече Попоски, нема да не спаси никаков скрининг. Според него, потребна е промена на менталитетот.

Претпладнево, еврокомесарот одржа прес конференција со премиерот Заев откако учествуваше на владината седница.

прес скрининг Совет за евроинтеграции Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.