Близначиња се првите бебиња што се родија годинава во Скопје. Бебињата се родени на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Како што информираат од Клиниката, првото е женско, родено е во 00:01 часот, тешко e 2.360 грама и долго 47 сантиметри. Второто е машко, родено e две минути подоцна, тешко е 1.760 грама и долго 46 сантиметри. Бебињата и мајката Снежана од Скопје се чувствуваат добро.

Традиционално денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, заменик-министерот за здравство, Арменд Арслани и директорката на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, Викторија Јовановска ќе ја посетат мајката и првородените бебиња.