Почна средбата на премиерот Зоран Заев со коалициските партнери во Владата  на која ќе се разгледува договорот којшто Заев вчера го постигна со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

Оваа партија од вчера е дел од владејачката коалиција и го окрупни  парламентарното мнозинство со четворица пратеници.

Пред почетокот на средбата, Павле Трајанов од Демократскиот Сојуз истакна дека се прават пошироки консултации, по што ќе се донесе заеднички став.

Маја Морачанин, претседателката на ДОМ, рече дека за нејзината партија е важно да се види кои се програмските приоритети на новата Влада, а Тито Петковски – лидерот на НСДП, ќе се огласи во јавноста откако ќе го чуе  постигнатиот договор со Алтернатива.