Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува македонско-бугарската експертска дебата за историските прашања

0
By Нова ТВ on May 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владите на Македонија и на Бугарија ги утврдија составот и членовите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и на Заедничката меѓувладина комисија, согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, а се очекува деновиве во Софија експертската комисија да ја има првата средба.

Како што изјави за МИА владиниот портпарол Миле Бошнаковски, Владата за координатор на Заедничката експертска комисија го назначи проф. д-р Драги Ѓоргиев, редовен професор и научен советник во Институт за национална историја и член на Македонската академија на науки и уметности, а за претседавач на Заедничката меѓувладина комисија шефот на дипломатијата Никола Димитров.

– Министерството за надворешни работи, користејќи ги позитивните меѓународни искуства за вакви процеси, во соодветна владина процедура, ја заврши постапката за формирање на комисиите – Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, согласно член 8 ставови 1 и 2, како и Заедничката меѓувладина комисија, согласно член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Во следната фаза предвидено е оддржување редовни средби меѓу соодветните комисии, согласно заеднички утврдената динамика, што ќе работат на унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, а во функција на натамошно унапредување на добродоседските односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија, вели Бошнаковски.

Во составот на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања се и проф. д-р Љубица Спасковска, научен соработник на Универзитетот Ексетер, Велика Британија во својство на надворешен член, како и членовите: проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, редовен професор на Институтот за историја при Филозофски факултет на Универзитет Кирил и Методиј во Скопје, проф. д-р Љупчо Ристески, антрополог и професор на Институт за етнологија и антропологија при УКИМ, проф. д-р Петар Тодоров, виш научен соработник во Институтот за национална историја, доц. д-р Дарко Стојанов, научен соработник во Институт за национална историја и д-р Александар Литовски, директор на НУ Завод и Музеј во Битола.

Во Заедничката меѓувладина комисија, Владата покрај министерот за надворешни работи Димитров, како претседавач, за членови ги определи: вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и министерите за култура Роберт Алаѓозовски, за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, за здравство Венко Филипче, за транспорт и врски Горан Сугарески, за економија Крешник Бектеши, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Членови на заедничката меѓувладина комисија се и министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, за за труд и социјална политика Мила Царовска, за образование и наука Рената Дескоска, заменик министрите за финансии Ширет Елези,  за правда Оливер Ристовски,  за одбрана Беким Максути, за локална самоуправа Дејан Павлески и Маја Бариќ советник во Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и за координација со економските ресори.

Во Република Бугарија минатиот петок беше соопштен претседателот и членовите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

Бугарскиот тим ќе го предводи Ангел Димитров, првиот амбасадор на Бугарија во Македонија. Во изјава за медиумите тој оцени дека разговорите со македонските колеги ќе бидат тешки и изрази надеж дека составот на македонската комисија ќе биде таков што ќе овозможи нормален развој на разговорите. Вети дека бугарскиот тим ќе демонстрира добри намери кои се содржани и во Договорот за добросоедство.

Според бугарски медиуми, кои се повикуват на изјава на проф. Иван Илчев, поранешен ректор на Софискиот универзитет и член на комисијата, првиот состанок ќе се одржи утре во бугарската престолнина и на него треба да бидат утврдени насоките за работата на Заедничката експертска комисија

По ратификацијата на Договорот во Собранието на Република Македонија (на 15.01.2018 година) и во Националното Собрание на Република Бугарија (на 18.01.2018 година), министерот за надворешни работи Никола Димитров за време на билатералната посета на Софија, на 14 февруари 2018 година, со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева ги разменија Ратификациските документи од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија и го потпишаа Протоколот за нивната размена, со што на 14 февруари годинава Договорот стапи во сила.

Формирањето на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, како и на Заедничката меѓувладина комисија е согласно одредбите од Договорот, со кој беше предвидено тоа да се реализира во рок најдоцна до три месеци од влегувањето во сила.

Што содржи во целост Договорот помеѓу Македонија и Бугарија

 

Бошњаковски Договор за добрососедство експертска дебата историски и образовни прашања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.