Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со 61 глас За, пратениците го поддржаа Договорот со Бугарија

1
By Нова ТВ on January 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 15, 2018 12:25

Со вкупно 61 глас ЗА и еден воздржан, пратениците денеска го поддржаа Предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ  денеска не беа присутни на работата на Собранието.

Образложувајќи ја важноста на Договорот, министерот за надворешни работи, Никола Димитров во неговото обраќање истакна дека овој договор ги покрива најважните националнио интереси и дека денешниот ден има симболика, бидејќи на тој ден Бугарија ја призна Македонија.

Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, заради зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање на сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право.

Тој е резултат на петгодишен договарачки процес на работните групи на двете министерства за надворешни работи и претставува наградба на договорот потпишан во 1990 година.

Покрај заедничко чествување на празниците, со Договорот е предвидена соработка пред меѓународните институции на чело со Обединетите нации и Советот на Европа, соработка на полето на инвестициите, економијата, царината, туризмот, спортот, образованието, културата.

Со Договорот, кој веќе е ратификуван од Бугарскиот парламент, Бугарија се обврза дека ќе ја помага Македонија на патот за членство во ЕУ и НАТО.

Македонија се обврзува дека ништо од нашиот Устав не може и не треба да се толкува како мешање во внатрешните работи на Бугарија со цел заштита и правата на лица што не се државјани на Македонија.

Бугарското МНР ја поздрави ратификацијата

„Република Бугарија ќе продолжи да биде активна во нејзината поддршка за европската интеграција на Република Македонија. Ова е стратешки избор на нашата земја, поткрепен со приоритетите на бугарското претседателство со Советот на ЕУ“, пишува во соопштението од бугарското МНР.

Оттаму додаваат дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија се темели на европските вредности кои го прават регионот пообединет и посилен.

Инаку, Договорот за добрососедство го потпишаа премиерите на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август 2017 во Скопје, а бугарското Народно собрание го ратификуваше лани во ноември.

Еврокомесарот Јоханес Хан ја поздрави ратификацијата

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан на Твитер го поздрави денешното ратификување на Договорот за добрососедство со Бугарија во Собранието на Република Македонија.

– Тоа е важен чекор во вистинска насока на патот на земјата кон ЕУ. Договорот е исто така пресвртница во добрососедските односи за целиот регион на Западен Балкан, пишува во Твитер објавата на еврокомесарот Хан.

Договор со Бугарија пратеници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.