Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува МОТ: Го отвора „Блокбастер“ на 20 септември

0
By Нова ТВ on September 12, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 12, 2018 09:34

Со „Блокбастер“ – претстава со филмски кадри од 160 холивудски филмови, на 20 септември во Македонскиот народен театар ќе почне 43. Меѓународен театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ) кој ќе се одржува до 28-ми месецов.

Младинскиот културен центар, кој е организатор на МОТ, соопшти дека „Блокбастер“ или т.н. театарско НЛО, е претстава филм-пародија, создаден со повеќе од 1400 кадри извадени од 160 холивудски филмови.

– Од таа гигантска монтажа се раѓа блокбастер со оригинално сценарио. „Блокбастер“ е приказна за насилството од доминантната класа на обичните луѓе каде што хуморот се користи како инструмент за протест, соопшти МКЦ најавувајќи ја програмата на фестивалот.

Ќе гостува и Словенско младинско гледалишче со „Идиоти“ според сценарио на познатиот дански режисер Ларс фон Трир, претстава која едновремено е и смешна и критична, промислена, лесна и возбудлива. Германската претстава „Има уште“, пак, е експеримент и ново колективно кореографско искуство.

Новосадско позориште ќе го претстави на сцена текстот на Данило Киш „Гробница на Борис Давидович“ во режија на Александар Поповски на унгарски јазик. На програмата е и „Странци“ во режија на Нела Витошевиќ за која МКЦ наведува дека е претстава што ги отвора  дилемите колку соочувањето со вистината нѐ прави подобри луѓе.

Португалската театарска компанија на Жоа Гарсија Мигуел ќе се претстави со „Го убивме шугавото куче“ – дел од проектот „Африкански бранови“, кој ги спојува Португалија и Африка,. „Балканската рута“ ќе ја прикаже рутата по која се движел театарскиот и филмски режисер Франц фон Столхен, по чие сценарио рутата почнува како театарски перформанс, во кој документарното и фикцијата се неделиви. Во претставата учествува и македонската актерка Наталија Теодосиева.

На фестивалот ќе биде изведена и „Чудна шума“ на кореографката Искра Шукарова која ја поставува со студентите на ФМУ, како и премиерата „Шииит“ на домашната независна театарска трупа „Артопија“ во режија на Ирем Ајдим.

На 43. МОТ ќе биде изведена и најновата претстава на Битолскиот народен театар „Но(е)ва Македонија“ во режија на Кокан Младеновиќ, ангажирана општествена сатира која реферира на историската мегаломанија на поранешната македонска власт.

Дел од МОТ ќе бидат и соло-проектот на Словенецот Марко Булц „Прва алтруистичка приказна“, „Болница“ на Јо Стромгрен Компани од Норвешка, „Над земја под облаци // некаде помеѓу” во режија на Ирем Ајдим на „Ентропи студио“ од Истанбул.

Веднаш по премиерата и отворањето на театарската сезона на Босанското народно позориште во Зеница, на 20-ви и 21 септември претставата „Буре барут“ на Дејан Дуковски, во режија на Нина Николиќ, доаѓа на МОТ како дел од културната соработка меѓу Босна и Херцеговина и Репубика Македонија.

Ќе гостува и корејската претстава „(Во живо) БЈ Фауст“ на театарската компанија „Сисифе“ од Сеул, а фестивалската програма на 28 септември ќе заврши со „Црнила ремикс“ според класичното драмско дело на Коле Чашуле, музичко-драмски перформанс поставен од Јордан Симонов  во продукција на Младинскиот културен центар.

Во деветте фестивалски денови Млад отворен театар ќе се одвива на осум сцени низ Скопје  – Македонски народен театар, Македонска опера и балет, Кино Култура, Македонска филхармонија, Универзална сала, Кино Фросина – МКЦ, Дансинг сала во МКЦ и Драмски театар.

Цената на билетите во претпродажба до 19 септември е 200 денари, а потоа за сите претстави ќе чинат по 300 денари.

Фестивалот ќе има и богата придружна програма – два концерта, изложба „Сценографии 35“ – ретроспектива на 35-годишната сценографска кариера на авторот Крсте С. Џидров, одбележување 70 години на меѓународната мрежа на Интернационалниот театарски институт на УНЕСКО со претставување на драмската авторка, филмски сценарист и актерка од Русија, Јарослава Пулинович и промоција на електронската книга „Сирота мала богата драма“

2018 МОТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.