Со дуелот меѓу Германија и Камерун од 19 часот во Лајпциг ќе биде означен почетокот на 23. Светско првенство во ракомет. Мундијалскиот турнир ќе трае до 17 декември, а домаќини ќе бидат и уште Трир, Бисинген, Олденбург, Магдебург и Хамбург.
Групата А (Трир) ја сочинуваат Романија, Франција, Шпанија, Ангола, Словенија и Парагвај. Во Б групата во Бисинген ќе играат Норвешка, Унгарија, Шведска, Полска, Чешка и Аргентина. Репрезентациите на Русија, Данска, Црна Гора, Бразил, Тунис и Јапонија ќе се натпреваруваар во рамки на Ц конкуренцијата во Олденбург додека, покрај домашната селекција и Камерун, во групата Д се и Холандија, Србија, Кина и Јужна Кореја.
Најдобрите четири селекции од групите ќе продолжат во осминафинале, а за двете најслаби во секоја конкуренција е резервиран т.н. „Претседателски куп“. Мечевите во обата сегмента ќе се играат во Магдебург и Лајпциг, завршницата е планирана во Хамбург.
Покрај Норвешка и Холандија како финалисти од последното СП во 2015 година, меѓу фаворитите за највисок пласман се вбројуваат и Данска, Франција, Русија, Германија, Шведска и Шпанија.
Најуспешна репрезентација во историјата на СП е Русија со четири титули пред Норвешка со три. Норвежанките, патем, отпатуваа во Германија во улога на бранителки на тронот.
Ракомет СП 2017 – Германија
Двојки за 1 коло
Група А
Романија – Парагвај (сабота, 14 ч.)
Франција – Словенија (сабота, 18 ч.)
Шпанија – Ангола (сабота, 20.30 ч.)
Група Б
Чешка – Аргентина (сабота, 14 ч.)
Шведска – Полска (сабота, 18 ч.)
Норвешка – Унгарија (сабота, 20.30 ч.)
Група Ц
Русија – Тунис (сабота, 14 ч.)
Бразил – Јапонија (сабота, 17.45 ч.)
Данска – Црна Гора (сабота, 20.30 ч.)
Група Д
Германија – Камерун (петок, 19 ч.)
Србија – Кина (сабота, 15,30 ч.)
Холандија – Јужна Кореја (сабота, 18 ч.)