СП во ракомет (ж): Холандија за првпат на планетарниот трон

Во возбудливо финале во Кумамото, Холанѓанките ја совладаа Шпанија со 30:29 (полувреме 16:13) и за првпат во историјата освоија мундијалскио злато. Бронзениот медал го освои Русија чии ракометарки во „малото“ финале ја поразија Норвешка со 33:28

Ждрепка за СП 2019 во ракомет (ж): Србија, Словенија и Ц. Гора ја избегнаа Франција

Мечевите на женскиот ракометен мундијал ќе почнат на 29 ноември, ќе траат до 16 декември и ќе се играат во пет сали во Кумамото, Јапонија. Французинките ќе се обидат да ја одбранат титулата од СП 2017 во Германија каде во финалето ја совладаа Норвешка со 23:21. Освен победникот на турнирот, на Олимписките игри во Токио ќе се пласираат и репрезентациите од второто до седмото место на СП 2019

ЕП во ракомет (ж): Шампионската титула за Франција

„Триколорките“ во финалето на турнирот што се играше во нивната земја ја совладаа Русија со 24:21 (полувреме 13:12) и за првпат во историјата се закитија со континентално злато за обединување на најважните титули во светскиот ракомет со оглед дека лани го освоија и мундијалот во Германија по триумфот над Норвешка (23:21)

ЕП во ракомет (ж): Холандија – Франција и Русија – Романија во полуфинале

Холандија – Франција и Русија – Романија се полуфиналните двојки на Европското ракометно првенство во женска конкуренција. Големата четворка на континенталниот турнир беше позната по комплетирање...

Се насмевнува бараж за СП 2019: Ракометарките подобри и од Исланд

По синоќешниот триумф над Азербејџан со 41:22, избраничките на селекторот Симе Симовски вечерва го совладаа и Исланд со 29:21. Утревечер од 20 часот против Турција за заверка на првото место на турнирот во Скопје

И вардарки си имаат своја ѕвездичка: Цвијиќ во Ол-стар тимот на ЛШ

Репрезентативката на Србија доби најмногу гласови за позицијата кружен напаѓач во изборот во кој учествуваа илјадници фанови и спортски новинари од 12 земји. Меѓу номинираните по позиции и Александра Лакрабер, Амандин Лејно, Андреа Пенезиќ и Ирина Дибирова