Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува реконструкција на над 20 улици во пет населени места во Ѓорче Петров

0
By Соња Крамарска on June 14, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и директорот на ЈП Улици и патишта, Борис Настов, денеска на прес конференција во населеното место „Кисела Јабука“, го најавија започнувањето на градежната офанзива во Скопје, во чија прва фаза е предвидена реконструкцијата на над 20 општински улици во општината Ѓорче Петров.

„Денеска започнуваме со реконструирање на повеќе од 20 улици во општина Ѓорче Петров. Станува збор за улици кои досега не биле асфалтирани, односно за првпат се асфалтираат на барање на граѓаните да добијат улици и услови какви што заслужуваат. Градот Скопје за оваа меѓуопштинска соработка одвојува 4 милиони денари“, истакна Арсовска.

Градоначалничката појасни дека во оваа прва фаза ќе се пристапи кон реконструкција на улици во пет населени места во оваа општина и тоа во село Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански Двор.

„Можеме да зборуваме за современ град само ако се обидеме за сите да обезбедиме соодветни услови, да не биде како досега односно да нема повеќе заборавени населби. Програмска определба е во Скопје да нема заборавени населби кои многу долго се оставени без соодветен развој, а за подобрување на таа слика започнуваме денеска со градежната офанзива, за рамномерен развој во урбаниот и руралниот дел на Скопје“, вели Арсовска.

Реконструкција ќе има на улиците во село Волково и тоа улица 83, улица 100 десен крак, улица 3, 73, 74, 78, улица 80 Пржина, улица 81 крак 1, 2, 3 лево, улица 81 крак 4 десно. Во Кисела Јабука улиците 4, 6, краците на улицата 46 и 46а и улиците 68, 10 и 34. Улицата Антон Кецкаров во населено место Даме Груев, во Ново Село пред училиштето крак десно, крак лево и краците на улиците 4 и 2, како и улица 52 десен крак во населба Стопански Двор.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски рече дека оваа акција е во интерес на над 20 илјади жители кои живеат и гравитираат на овој дел од општината, каде повеќе од неколку децении не се реализирани барањата на граѓаните.

Директорот на ЈП Улици и Патишта, Борис Настов посочи дека од вчера е започнато да се работи на подготовка на асфалтирање на улиците во населбата „Кисела Јабука“ со ископ на гребен асфалт, потоа со поставување на тампон слој и уште денеска ќе се пристапи кон асфалтирање со нова асфалтна маса.

Вкупната површина на улиците кои ќе бидат асфалтирани е над 16.000 квадратни метри, со променлива широчина на улиците од 3 до 5 метри, со што ќе се подобрат условите на живеење на граѓаните кои живеат тука, а воедно ќе се влијае и на подобрување на безбедноста во сообраќајот, истакна Настов. (Р.Н.)

Данела Арсовска Ѓорче Петров реконструкција на улици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.