Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува Светскиот економски форум во Давос: Светот се движи кон нов поредок

0
By Нова ТВ on January 20, 2020 СВЕТ
Фото: printscreen/youtube
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 20, 2020 11:52

Клаус Шваб, основач на Светскиот економски форум (СЕФ), кој почнува денеска во Давос, оцени дека во светот владее претеран песимизам, иако во изминатите 50 години е постигнат значителен напредок.

„Кој денес, на пример, сè уште зборува за аналфабетизам? – Животниот век и квалитетот на живот се значително зголемени. Удвоен е бројот на население и има сè помалку луѓе кои живеат под границата на сиромаштија“, истакна тој во интервју за швајцарскиот дневен весник „Блик“.

Според него, светот се наоѓа во преодна фаза, од повоениот свет кон нов поредок, кој треба да се обликува.

„Оптимист сум дека тоа ќе успее. Со четвртата индустриска револуција мораме да пронајдеме нова содржина во животот“, потенцира Шваб.

Тој оцени дека смислата на постоењето сè уште е премногу дефинирана од производството и од потрошувачката.

„Се дефинираме преку тоа која ни е положбата на работа, каков автомобил возиме, каков часовник имаме. Тоа ни дава смисла на животот. Со оглед на тоа дека за луѓето ќе има сè помалку работа, тоа ќе мора да се менува, а тоа значи дека ќе мора да делиме, на пример автомобили, и повторно повеќе да се грижиме едни за други. Ќе станеме поемпатично општество, вели Шваб.

Тој истакна дека ќе мораме да размислиме како ќе се разликуваме од роботите, а човештвото ќе има голема можност да стане цивилизација во која човекот е навистина во центарот на вниманието.

„Тоа ќе нè натера уште повеќе да размислуваме за смислата на животот. Во овој момент владее логиката – образование, работа, пензија, уживање до умирање. Во иднина образованието ќе трае цел живот, како и работата. Помалку, но подолго“, оценува основачот на СЕФ.

Давос Клаус Шваб Светски економски форум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.