Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владина поддршка за 745 естрадни уметници: Еднократна помош од 500 евра по лице

0
By Sashko on June 29, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 29, 2021 18:16

Владата донесе одлука за финансиска поддршка на 745 естрадни уметници кои се погодени од корона-кризата. Тие ќе добијат еднократна помош од 30.750 денари (500 евра) по лице или за нив ќе бидат издвоени вкупно 23 милиони денари од шестиот пакет на економски мерки.

На јавниот повик за финансиска поддршка на естрадни музичари, што го објави Генералниот секретаријат на Владата, а кој се спроведе во соработка со Министерството за економија и Министерството за култура, пристигнале вкупно 1.633 апликации, а по вкрстување на податоците од Министерството за труд и социјална политика, од Управата за јавни приходи, од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и од официјалните списоци од Здруженијата на естрадни уметници, се утврдило дека критериумите за добивање на финансиска поддршка ги исполнуваат вкупно 745 лица.

Критериумите кои естрадните уметници требаше да ги исполнат за да добијат еднократна финансиска помош се:

– Да имаат пополнето годишна даночна пријава;

– Да не се корисници на пензија;

– Просечните месечни приходи да не надминуваат 15.000 денари;

– Да не користат некоја од редовните програми за социјална помош на Министерството за труд и социјална политика и

– Да бидат членови на некое од регистрираните здруженија на естрадни уметници

Во спроведување на оваа мерка, Владата на Република Северна Македонија континуирано комуницираше со сите регистрирани здруженија на естрадни уметници во земјата, пришто се разменија идеи за формирање на комора на естрадни уметници, со цел да се систематизира и стави во определена рамка оваа дејност, со што комората би издавала лиценци за работа на естрадните уметници и на тој начин би се создал ефективен и конкурентен пазар, би се намалила сивата економија и системски ќе се надминуваат проблемите со кои се соочуваат естрадните уметници.

Влада Естрадни уметници Корона-криза помош седница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.