Вкупно 17 приговори поднеле судиите од Основниот суд Скопје 1 до Врховниот по годишниот распоред на новиот в.д. претседател на Кривичниот суд, Стојанче Рибарев, објави „Сведок“.
Врховен ќе чека да не пристигне некој приговор и по пошта, па ќе закаже општа седница на која ќе се разгледуваат приговорите.
Стојанче Рибарев, како судија на Врховниот суд со 5 месечен стаж, беше делегиран да го води скопскиот суд, но наместо смирување на страстите, тој направи полош распоред од тој на Владимир Панчевски и Татјана Михајлова заедно, што се гледа и по бројот на приговори.
Рибарев го постави експретседателот Владимир Панчевски за судија на претходна постапка, организиран криминал, за шеф на целиот оддел на организиран криминал и претседател на Кривичниот совет.
Панчевски доаѓа како засилување на судиите Ненад Савевски, Александра Поп Стефанија и Елена Илиевска-Јосифовиќ со кои СЈО е во „војна“ кога бара мерки за осомничени или наредби за претрес.